Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Сите се надеваме нормално на титула , сепак сме Man Utd :) Пред Арсенал ако не завршат нема апсолутно никакво оправдување , Челзи мислам во топ 4 ќе бидат . Типувам дека Тотенхем и Арсенал ќе завршат надвор од топ 4 сезонава
 
Зошто мислиш дека баш 5то место е премија?
Еве јас не гледам разлика од тоа дали ќе завршиме 5ти или 15ти ако не играме ЛШ. Исто е.

Како бе исто?5то место значи да губиш од првоте 4 + некој смотан кикс, 15ти е да те дупчи кој стигне.
 
Колку души имате во одбрана бе, не продавате нешто? Џонс, Рохо, Валенсија за кој кур ќе ви се?
 
Како бе исто?5то место значи да губиш од првоте 4 + некој смотан кикс, 15ти е да те дупчи кој стигне.
Добро. И што дека на крај ќе завршиме 5ти? Пак не сме во ЛШ. Која разлика дека ке не победат 5 екипи или 10?
 
Изгледа толку од Дибала, последните информации се дека тој не сака да иде во Јунајтед!
Прво платата од 15 милиони наспроти 10 што ми нуделе нашиве, второ сакал да се бори за место во Јуве.
Логично и не баш, додека е Кики таму нема да се наигра. Сега ќе почне удварање на ПСЖ ;)

Kaде го прочита ова? Се што излегува од релевантните новинари од Италија засега е дека Дибала има солени побарувања за плата, и не сака да се вметне таа клаузула за 25% намалувње на плата во случај да не се квалификуваме за ЛШ. Исто и и image rights биле проблем. Јувентус му даваат хинтови дека не го сакаат кај нив, и мислам дека и Сари ке му го каже истото.

Засега, нема прифатено да иде во Јунајтед, ниту пак изричито го има одбиено Јунајтед.

Колку души имате во одбрана бе, не продавате нешто? Џонс, Рохо, Валенсија за кој кур ќе ви се?

Валенсија веќе наголемо игра утакмици за Квито во Еквадор. Ма да, треба да се отарасиме од Рохо, Дармиан, Баји.
 
Дибала до каде е?[emoji23]

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
 
Добро. И што дека на крај ќе завршиме 5ти? Пак не сме во ЛШ. Која разлика дека ке не победат 5 екипи или 10?

Ај вака, кога повеќе ќе боли, 5 пати да те тепа некој(физичко тепање) или 10пати?5 пати ќе го свариш некако, имало појак од тебе, ама да те тепа кој стигне не само што ќе те боли повеќе ради бројот на добиени ќотеци, ама и психички ќе бидеш понижен, зошто те шлапа кој стигне.

Истото важи и за фудбалов, се надевам ме сфати.
 
Ај од друга страна. По радикално.
Што фајде од Јуве што има 200 пати во финале играно кога има само 2 титули?
Затоа велам што фајде дали ќе бидеме 5ти или 15ти кога веќе не играме ЛШ. Искрено мене лично исто ми е.
 
Колку е вистина, можеби толку е и спекулација но управата треба да ја чукне главата малку...
 
Ај од друга страна. По радикално.
Што фајде од Јуве што има 200 пати во финале играно кога има само 2 титули?
Затоа велам што фајде дали ќе бидеме 5ти или 15ти кога веќе не играме ЛШ. Искрено мене лично исто ми е.

многу повеќе пари од самото играње во ЛШ, продолжување во наредни нокаут фази и со самото тоа елиминирање на гиганти што носи атракција, фанови, пари итн. ? Го разбирам твоево, ама има малце повеќе од тоа што го збориш, малце глупо делува се или ништо, барем мене.Знам дека важи и она само првиот е прв, првиот се памти и слично, реално сите се стремат кон тоа и тоа е уствари крајната цел и цел која доликува на клуб од ваков калибар.Не ме сфаќај погрешно, и јас сметам дека 5то место не е успех и е далеку од престиж за овој клуб, ама дефинитивно 5то и 15то место не е исто.Муабетот ми беше 5то е лошо, 15то е мизерно и еквивалент за криење во дупка долго време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom