Што да очекувам повеќе од овој тим? Туку така ќе го сменат менталитетот преку лето и ќе газат од септември? Цела сезона?
Друже...
Гледам позитивно на работите и ми е мило што почнуваат промени, меѓутоа реалноста е друга. За пет години се смени се од корен без да се направи а камо ли да се одржи долгорочен план за успеси, со што автоматски ќе се градеше и наметнуваше тој менталитет кој недостасува.
Не мислам на тој кока кола маркетинг што го водат, туку на инвестиција во школата, кадарот и менаџментот.
Смешни се изјавите од времето на Ферги каде Манчестер инвестира и мисли на иднината бла бла, а од друга страна преплатува играчи од други екипи.
Како ќе ги мотивираш овие играчи за нешто повеќе? Нивниот бекап па? Смешно е.