Па и тие треба да се затворат, барем се додека не се издигне свеста на народот на поголемо ниво па да сфаќа дека некој медиум тегне страна и да си бира сам на што ќе верува. Додека пензионери и екс ЈНА народ се фаќа ко слеп за стап на филтрирани новости, ништо не правиме. Пак ќе ти кажам изгледај го документарецот да видиш како се таргетираат луѓе и им се креира нова реалност и ќе смениш скроз мислење. Ајде може така без Твитер ќе фатат работа во државна администрација.
Не знам како го замислуваш слободното мислење ама во никој случај не е јадење блок ако му реплицираш на Ордановски или онаа госпоѓана со шајкача, Видана или како и да се вика.
Ќе се сложам дека не се сложуваме. Имаме елементарни несогласувања. Додека ти сметаш дека до слобода се доаѓа преку ограничување на слободата на мислата јас сметам дека до слобода се доаѓа преку проширување на правата и слободите.
Твоето е дека до “подигнување на свеста“ со медитација и ограничување до пристап до информации, претпоставувам, јас мислам дека се доаѓа преку реформиан образовен систем.
Од каде потекнува толкаво непријателство кон лицата кои биле своевремено во ЈНА, нивната бројка беше околу 5-6% значи околу 3000-3500 во 90-та година, од нив во Македонија се вратија околу 75% до денес од нив преку 95% се починати или се надвор од структурите. Она што е нејасно е зошто неприајтелство кон таквите лица па тие не беа против Македонија и Македонците туку токму за Македонија (така сакам да верувам, сепак не ги знам сите), имаш ли некој пример каде некој од нив на позиција бил за Северџистан или со теза дека Македонците се со балгарски происход?
Она што го замераш за твитер во блага форма го имаме и овде. Ете на твојот коментар веднаш се залепија неколку (претпоставувам по принципот повикај пријател) на место да сочекат да заврши меѓусебната преписка, веднага со дисквалификации и ....
Така да на крајот се се сведува на перцепција, твојата е една мојата е друга, која е поблиска до реалноста ќе покаже времето.
Благодарам за препораката за документарецот, според трејлерот гледам дека се говори за онаа што јас го повторувам повеќе години НЛП, само овде се комерцијализира како и се што доаѓа отаде барата. За да не излезам некултурен еве една препорака и од мене пролистај ја Волја за моќ од Ничето и погледај ги видеата од
КОБ таму се дадени научни аргументи (особено во теоријата на управување) нема ништо со комерцијализација.