Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Првата сезона ок, ама потсети ме лани што му донесоа на Мурињо а што побара он?
Фред и Далот а ги побара и Мегваер и Перишиќ. Ете, Мегваер за истата цена горе доле ќе дојдеше и лани така што се ќе беше исто ама Мурињо ќе беше менаџерот и може перспективата ќе беше поинаква :) Само како што ти пишав, сезоната пред тоа Мурињо доби везњак светски рекорд, го доби Лукаку 80 милиони, Линделоф не памтам колку беше и Ибрахимовиќ. На тоа додадени Фред и Далот и се искурнази зш Мегваер не го донеле... Мислам :) И со Оле да е истото, скроз истиов пост ќе го пишам.
 
Го има ли некој следено подетално Бруно Фернандеш?Ама следено а не твитови и whoscored статистики со pro et contra атрибути. Ме интересира што играч е, од клипови само можам да видам дека е добар реализатор ама и дека троши многу топки.


Малку поразлично видео од стандардните велком ту ман јунајтед
 
Фред и Далот а ги побара и Мегваер и Перишиќ. Ете, Мегваер за истата цена горе доле ќе дојдеше и лани така што се ќе беше исто ама Мурињо ќе беше менаџерот и може перспективата ќе беше поинаква :) Само како што ти пишав, сезоната пред тоа Мурињо доби везњак светски рекорд, го доби Лукаку 80 милиони, Линделоф не памтам колку беше и Ибрахимовиќ. На тоа додадени Фред и Далот и се искурнази зш Мегваер не го донеле... Мислам :) И со Оле да е истото, скроз истиов пост ќе го пишам.
Јас како што сум упатен Мурињо уште во мај побарал 5 играчи кои биле клучни за неговата замисла во Јунајтед. Не можам сега за сите да се сетам, знам дека имаше штопер, везњак, крило, десен бек и не знам уште еден играч беше. Од сево ова они само Фред му го донесоа, и тоа чисто се сомневам дека тоа било директна желба на Мурињо ама ајде. Така да од тој аспект втората сезона апсолутно ништо не му донесоа на Мурињо од тоа што он сакаше иако нормално и он сноси голем дел од кривицата за сите срања во тимот што се случија. И лани да го земевте Мегваер за слична сума ќе беше преплатен.
 
за фудбал фанатици Tifo Football ти е маст фалоу канал на јутуб

имаат интересни анализи за тактики на тренерите и тимови од минатото.
 
Јас лично мислам дека овој Фернандеш ќе биде тежок флоп. Ич не сакам вакви млаки фудбалери кои се влечат по теренот. Земи таму некое јунче како Мане, да не можеш да го паднеш на земја. И на која позиција воопшто ќе игра во Манчестер? Ако е позади напаѓачите, тоа значи дека Погба треба да се врати наназад, а тоа никогаш не е добро. Ван Бисака е топ трансфер, Мекгваер би бил солиден трансфер, овој ќе биде утка. А евентуална продажба на Погба и замена со Савич ќе биде равно на катастрофа.
 
Јас како што сум упатен Мурињо уште во мај побарал 5 играчи кои биле клучни за неговата замисла во Јунајтед. Не можам сега за сите да се сетам, знам дека имаше штопер, везњак, крило, десен бек и не знам уште еден играч беше. Од сево ова они само Фред му го донесоа, и тоа чисто се сомневам дека тоа било директна желба на Мурињо ама ајде. Така да од тој аспект втората сезона апсолутно ништо не му донесоа на Мурињо од тоа што он сакаше иако нормално и он сноси голем дел од кривицата за сите срања во тимот што се случија. И лани да го земевте Мегваер за слична сума ќе беше преплатен.
Мурињо побара везњак и десен бек и тоа му се донесе, крило и штопер не. Лани пишав, требаше да го избркаат кога веќе не му донесоа штопер мада и да дојдеше Мегваер лани, не знам колку ќе извлијаеше на офанзивата кога е штопер, а за Перишиќ.. се е јасно.
 
Го има ли некој следено подетално Бруно Фернандеш?Ама следено а не твитови и whoscored статистики со pro et contra атрибути. Ме интересира што играч е, од клипови само можам да видам дека е добар реализатор ама и дека троши многу топки.
Јас на светско го следев прилично фокусирано и дечкото беше просек. Играч за во вест хем и слично, далеку од тоа што му треба на јунајтед во моментов. Језда светско не е објективен критериум ама на неколку утакмици со ништо не се издвои.
 
Савич ќе биде равно на катастрофа
Мене овој ми изгледа како класичен балкански спортист, достигна кулминација и после го снема.. се надевам грешам, секогаш е добро кога успева некој од гнил предел како Балканов.
 
Мурињо побара везњак и десен бек и тоа му се донесе, крило и штопер не. Лани пишав, требаше да го избркаат кога веќе не му донесоа штопер мада и да дојдеше Мегваер лани, не знам колку ќе извлијаеше на офанзивата кога е штопер, а за Перишиќ.. се е јасно.
Нема везе да не ја труеме темава нека остане на ова, само да ти кажам дека не е исто да ти го донесат Мустафи и да ти го донесат Мегваер. Мурињо побара десен бек го доби Дало. ЊТФ? Кој кур е Диого Дало? По живот се кладам дека не го барал него за десен бек ама ајде.
 
Јас на светско го следев прилично фокусирано и дечкото беше просек. Играч за во вест хем и слично, далеку од тоа што му треба на јунајтед во моментов. Језда светско не е објективен критериум ама на неколку утакмици со ништо не се издвои.
Што да одигра на светско, кога влегуваше од клупа по 20 минути.
 
Мене овој ми изгледа како класичен балкански спортист, достигна кулминација и после го снема.. се надевам грешам, секогаш е добро кога успева некој од гнил предел како Балканов.

Не се проблемот во самото носење на Савич, проблемот е заминувањето на Погба. Најголемите клубови во Европа НЕ ГИ продаваат своите најдобри фудбалери. Ако сакаш да бидеш клуб кандидат за европска титула, тогаш се обидуваш да ги купиш туѓите најдобри фудбалери, а не да ги продаваш своите. Ако ги продаваш своите ќе стигнеш на ниво на Арсенал, да земаш резерви на позајмица без право на откуп, и никој жив да не те есапи.
 
Јас на светско го следев прилично фокусирано и дечкото беше просек. Играч за во вест хем и слично, далеку од тоа што му треба на јунајтед во моментов. Језда светско не е објективен критериум ама на неколку утакмици со ништо не се издвои.
Мислам дека во вториот дел од претходната сезона Бруно да речеме ја кренал играта на повисоко ниво. Од средина на Јануари само на три утакмици нема забележано гол или асистенција, а просекот во лигата и во купот му е скоро 1.5 гол/асистенција по утакмица. Изберен е за играч на месецот три пати по ред во Февруари, Март и Април, и после тоа втора година по ред играч на сезона во Португалија.

Појма неам што да мислам стварно, пошто не сум го гледал.. ама вака на хартија изгледа дека изиграл страшно во втората половина од 2018-19.
 
Не се проблемот во самото носење на Савич, проблемот е заминувањето на Погба. Најголемите клубови во Европа НЕ ГИ продаваат своите најдобри фудбалери. Ако сакаш да бидеш клуб кандидат за европска титула, тогаш се обидуваш да ги купиш туѓите најдобри фудбалери, а не да ги продаваш своите. Ако ги продаваш своите ќе стигнеш на ниво на Арсенал, да земаш резерви на позајмица без право на откуп, и никој жив да не те есапи.
laughs in Pepe
 
Мене овој ми изгледа како класичен балкански спортист, достигна кулминација и после го снема.. се надевам грешам, секогаш е добро кога успева некој од гнил предел како Балканов.

И мене ми мириса на тежок флоп искрено, бидејќи сум навикнат српските медиуми да хајпуваат многу нивни играчи.
 
Нема везе да не ја труеме темава нека остане на ова, само да ти кажам дека не е исто да ти го донесат Мустафи и да ти го донесат Мегваер. Мурињо побара десен бек го доби Дало. ЊТФ? Кој кур е Диого Дало? По живот се кладам дека не го барал него за десен бек ама ајде.
Па немаше шпекулација ниту па од некој веродостоен новинар дека сака некој друг а Каслс кој е негово полтронче пиша дека за Дало ги искористил врските што ги имал во Порто и не ни сакал да го пушти на позајмица :)

П.С. Нормално дека не е исто да ти го донесат Мустафи и Мегваер, затоа ти велам дека подобро да трошат и не ме замара кој колку коштал, отколку да ми носат некои рандом. Сакам само фудбалерите што ги носат да одговараат на тоа што ќе се игра, толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom