- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 10.495
- Поени од реакции
- 11.447
типично балканско размислување баш онака си го доловил у целостСекоја желба има време во кое треба да се исполни, ако желбата не се исполни во времето кога треба после тоа е глупост и смешка. На пример ако некој имал желба а не одел по дискотеки кога бил млад, и сега кога дискотеките се окупирани од децата и внуците на неговата генерација тој таму може да биде само карикатура и смешка.... Или имал желба а не почнал да вози автомобол кога му било време и сега на 50-60 години да се обидува да стане шофер е смешно но пред се и опасно... Имал желба да научи да скија но никогаш не отишол на скијање како млад па сега на 60 години да проба да застане на скии, ке се здроби.... Треба да се размисли околу тоа исполнување на желби неостварени во младоста. За нови хоризнонти неможе ниту да се зборува.... ако животот до сега не ти бил добар, квалитетен и весел... тешко дека така одеднаш преку развод ке стигнеш до поубав живот. Разводот не е волшебно стапче. Ден после разводот ке се разбудиш и ке сватиш дека си истата ти, дека се друго што си гледала, фантазирала и мислела е само пусти фејсбук и инстаграм каде сите луѓе се среќни, убави, весели, се шетаат по мориња и океани, животот им е полон со авантури, сите се во нови облеки, каде сите живеат во свет каде нема чистење, кречење, правење ручек, сукање кори, сметки за триста чуда, нема кредити, нема болести, нема досада... се е една идила. Земи шетај ги внуците и уживај во животот.
Sent from my iPhone using Tapatalk