jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
И тоа е точно индиферентноста не доведе на ова дереџе....Народот е толку индиферентен што мислам дека надвор и зомбија да шетаат нема да му биде гајле. Се живее во некое хибридно општество на кое веќе ништо не му е важно, желбата за живеење во оваа вукојебина е убиена во поим, и сите си гледаат чаре како да киднат ... па дали надвор шетаат наркоси, зомбија или вампири мислам дека веќе не е ни важно.
Прво кога штрајкуваа железарците, никој не се солидаризираше.. Па после како се множеа стечајците така и се намалуваше интересот... А политичарите поминуваа и сеуште поминуваат неказнето.... Сега луѓето што протестираат за селење на центарот за зависници, се едвај 50 луѓе....
Солидарноста ни е помножена со нула...