Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Народот е толку индиферентен што мислам дека надвор и зомбија да шетаат нема да му биде гајле. Се живее во некое хибридно општество на кое веќе ништо не му е важно, желбата за живеење во оваа вукојебина е убиена во поим, и сите си гледаат чаре како да киднат ... па дали надвор шетаат наркоси, зомбија или вампири мислам дека веќе не е ни важно.
И тоа е точно индиферентноста не доведе на ова дереџе....

Прво кога штрајкуваа железарците, никој не се солидаризираше.. Па после како се множеа стечајците така и се намалуваше интересот... А политичарите поминуваа и сеуште поминуваат неказнето.... Сега луѓето што протестираат за селење на центарот за зависници, се едвај 50 луѓе....

Солидарноста ни е помножена со нула...
 
Ги поканувам тие што заговараат да остане центарот за зависници во населено место да поминат таму кога зависниците се во елемент, ама не сега кога е актуелизирано прашањето па врие полиција.... Туку да го видат секојдневието со завсниците, како се боцкаат пред паркчето, соблечени голи и така натака... Игли, шишенца расфрлени...

Јас сум тие луѓе да се згрижат... Но треба да се згрижат понастрана од населено место.
Да, ова е најнормално решение, дислокација некаде среде пустелија зошто вака во населено место веднаш, доаѓаат до доза
 
Да, ова е најнормално решение, дислокација некаде среде пустелија зошто вака во населено место веднаш, доаѓаат до доза
Тоа се луѓе кои ќе треба да се резоцијализираат (бар оние што можат и што ќе сакаат). Човекот пати од разни болести, зависноста е една од нив и тоа не значи дека тие поединци ќе треба да се исфрлат од општеството за да бидат безбедни другите. Од друга страна па професионалната помош што ја добиваат подобро и да не ја добиваат, односно дај му метадон и терај даље. Мизерни сме на сите нивоа, како се третираме самите и како ги третираме сите останати околку нас. Се плашиме од едни додека други нормални психопати читам вчера истепале куче и го запалиле со бензин. Од таквите треба повеќе да се плашиме .... а најповеќе од тоа што на народот му е гајле за проблемите кои не засегаат секојдневно.
 
На колега малата на игла нагази у кисела вода,се разболе девојчето... Што е до мене јас у Криволак би ги дислоцирал ама...
 
EAEiC4yXYAAdUWU.jpg:large

:pos:

Темите на разговор биле исклучиво од хуманитарен карактер :icon_lol:
 
Zs da gi lociraat bilo kade? Neka si ostavat adresi i neka im se praka krekot po posta, ionaka nema spas za narkicite, kakva resocijalizacija kakvi bakraci.
 
Тоа се луѓе кои ќе треба да се резоцијализираат (бар оние што можат и што ќе сакаат). Човекот пати од разни болести, зависноста е една од нив и тоа не значи дека тие поединци ќе треба да се исфрлат од општеството за да бидат безбедни другите. Од друга страна па професионалната помош што ја добиваат подобро и да не ја добиваат, односно дај му метадон и терај даље. Мизерни сме на сите нивоа, како се третираме самите и како ги третираме сите останати околку нас. Се плашиме од едни додека други нормални психопати читам вчера истепале куче и го запалиле со бензин. Од таквите треба повеќе да се плашиме .... а најповеќе од тоа што на народот му е гајле за проблемите кои не засегаат секојдневно.
И за нив и за психопативе треба една инситуција ама среде нигде да биде. Не е решение да си излагаат кога сакаат и да земаат доза. Ресоцијализацијата им почнува прво меѓу нив ама не може ти да го освестиш некој да може да муабети и да види дека животот има убавина кога преку ноќ прескокнал преку прозор и се надрогирал.
 
Го отупе овој Героски со кодниве иминја.Има желба нешто агент да станува на стари години или што?
Супер му се кодните имиња. Наместо да е главна вест како тој докажува зошто некој направил криминал, главна вест е како Кики и Фрики се обидуваат да докажат дека тие не се тие, а криминалот не го негираат.
 
Другарчиња, завршив со Фрики и со Кики, наскоро одиме на некст левел!

Интересен извадок:

Тоа значи дека ако во меѓувреме не се случи сериозна разврска, во август ќе ве забавувам со нова серија приказни, овој пат за заднината на милионскиот рекет. Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во „бомбашкиот“ рекет, а не само беден извршител! Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. Белким не сте толку наивни за да се излажете дека поради тој рекетар е растурено целото СЈО, гордоста на Шарената револуција и најголемата американска политичка инвестиција во Македонија. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер…

И една концизна и децидна изјава која оди во контекст со напишаното:

:icon_lol:

Фрики на јенките им има велено: ухапсите га, ухапсите Кики он је крив нисам ја :pos:
 
колумна на Ангеловски на тема- посетата на јастербите од ЕУроспка и САД и нивната улога во Македонските работи.
Џејсон Борн од Бардовци или приказна за изгубениот идентитет
После најавите за доаѓање на Јоханес Хан и Филип Рикер во Македонија станува повеќе од јасно дека забревтаната антимакедонска машинерија ќе се обиде да му го зададе последниот удар на македонското постоење. Од надвор, преку притисокот од страна на овие две креатури и, од внатре, од страна на човекот со изгубено памтење и изгубен идентитет, Џејсон Борн од Бардовци.

----------------------------------

Henry Kissinger: “To be an enemy of America can be dangerous, but to be a friend is fatal.”
Овој цитат од Кисинџер како да е пишуван за Македонија. Откако САД стана стратешки партнер на СДСС и ДПСНЕ, Македонија од каква таква држава престана да постои а со неа и ние Македонците. Се почна со тоа дека ако не бидеме Македонци многу подобро ќе живееме, а кој тоа не сака да живее подобро. На гладниот кога ќе му понудиш леб тој ќе прифати и со двете раце, така и Македонците се залетаа со грло во јагоди, само што наместо јагоди беше нешто друго.
На пријателите и стратешките партњори дури им успеа и онаа што е вон здравиот разум, па така со договор нашит јазик повеќе не е македонски туку “македонски-од групата на словенски јазици“ - како да постои и друг јазик во светот кој се нарекува македонски па е потребна дистинкција!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Да, ова е најнормално решение, дислокација некаде среде пустелија зошто вака во населено место веднаш, доаѓаат до доза
Скоро беше отворена една тема
Како што слушнав, овие дел сакале да го префрлат Јане Сандански, а споменати беа и Бардовци и 8 Септември.
знаете дека никој не се замара со зависниците по одделенијата, си искачаат кога сакаат од одделение и прават пустош од крадење?
па за 1 месец 4 стана у 1 зграда. Плус сега скоро повторно еден влез во зграда обид за провала, не е малку. Полиција не презема ништо освен увид. Зборевме за оружје зад врата, ни велат ти ќе се ставиш во беља, во затвор. Па ај сега аларми блиндери, магнети, камери, трошоци и барикади.... Ќути Трпе трпи.
 
Како што слушнав, овие дел сакале да го префрлат Јане Сандански, а споменати беа и Бардовци и 8 Септември.
па за 1 месец 4 стана у 1 зграда. Плус сега скоро повторно еден влез во зграда обид за провала, не е малку. Полиција не презема ништо освен увид. Зборевме за оружје зад врата, ни велат ти ќе се ставиш во беља, во затвор. Па ај сега аларми блиндери, магнети, камери, трошоци и барикади.... Ќути Трпе трпи.
Најмногу ме нервира што како и за се друго во државава, така и за ова се вадат од контекст работите со тоа што се форсира муабет демек луѓево нејќеле да постојат такви центри ова она, а во суштина поентата е дека нејќат во близина на нивното место на живеење, што е сосема валиден аргумент.
А, да не праиме муабет за тоа колку ќе функционира центарот, да не биде само ау бау во моментот и после истата приказна како и секогаш... Неверојатно е колку се размислува само од денес за утре за секоја работа.
 
Не видов тука некој да пишал, гледам по ФБ актуелно е ширење на центарот за наркозависници по повеќе населби во Скопје и автоматски се иде со мантрата - тие што се против се бесчувствителни фашисти. Да ги прашам само тие што немаат ништо против, знаете дека никој не се замара со зависниците по одделенијата, си искачаат кога сакаат од одделение и прават пустош од крадење? И исто така, дали сте виделе пијаница или џанак во агресивна состојба и како тројца болничари се мачат да го смират? Настрана расфрланите игли насекаде.

Мора да се надвор од градот или што подалеку од било какво населено место не за друго, многу лесно може рилапс.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom