И после скенирај сметки, со 1.7 денари. Мореее
многу добро знаеме само немаме моќ ништо да промениме. Имаме прилично прост или ефтино купен народ кој не размислува така. И со промените во 1992, 1998ма, па се понадевавме на ДеА, па 2002, па 2005 (каде малку од малку негде до 2009 некако се прибравме ко луѓе), 2016та...ништо не променивме освен стопанот. И сега, надевајќи се дека ќе дојде некој понормален, ќе "менуваме" власт. Од ова менување имаат корист оние кои се вработуваат од нив или од субвенциите, на кои им отвораат бизниси и оние кои ги вртат бизнисите, да им прогледаат низ прсти. Друг никој. Кој како дојде, се надминува себеси. Не го кривам директно унгарецот, но индиректно, немаше да се случи ни револт ни промена на власта. Народов немаше да се излаже на шарена и на трите грации. Но судството беше пиун на власта, Вангел Мангел доколку си ја работел работата, немаше да имаат изговор за сјо или друга форма паралелна институција. Затоа сјо народ го гледаше како што го гледале Ескобар, Робин Худ, кој им го дозачукал на колумбијците. Шоако не сменил име кога "преговарал"-преговори за еу членки, и на врапците им е јасно, кога ја зароби државава сите нејзини институции и ни го зачука со неговото неприкосновено владееење. исти к како и сега.
Ботом лајн, ако една власт работи колку толку ко што треба, немаше потреба да се менува па да ни го зачука уште толку.
Втора работа-името. Одамна ние овде заговаравме тема против промена на име и прекин на преговори. Имаше еден пост, на Син мислам беше-никако освен македонија македонски и македонски јазик. Имаше и таква тема, со чест на исклучоци, скоро ниеден јунак од темава не го поддржа. Парица од ЕУ проекти слатка, веројатно и притисок па никој од овие будали од 1993-1994 наваму не се откажа од преговори (дури и во нивните програми евроатлантски интеграции се доминантни), ниеден. Резултатот е Македонија на колена. Доколку Македонија се одлучеше за стоп уште по промена на Хаџи-комерцијална....
Трето што се чудам е што во многу постови стои зборот закон (закон за сјо ово оно). Постулат на државава е беззаконие. Доколку ојо работел според закон...Пример нашиов инвеститор пуздер правел со општинските власти 2012-2013 во врска со имотни, дозволи, ЦР и промени на градба, затоа сега со години ќе се влечеме по судови. Има миљон такви згради. И сегашниве општинари ништо мува не ги лази. Сака некој да каже и докаже дека криминалот е сега измислен или магично ќе прекине, воглавно со истите тие службеници и функционери. Ех.