Point Retail Park

  • Креатор на темата Креатор на темата Bastian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 април 2011
Мислења
276
Поени од реакции
114
Скопје го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park

image-105388.jpg

FORTON MKA/CUSHMAN & WAKEFIELD официјален лизинг партнер на Point Retail Park

image-105385.jpg

Скопје и официјално го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park. По примерот на европските метрополи, Point Retail Park е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Point Retail Park се простира на нето површина од 9500 м2, и 300 паркинг места, посетителите ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ , Д Спортска према и други. Исто така во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, банка, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Ексклузивен лизинг агент за Point Retail Park е Forton MKA дел од Cushman & Wakefield. Според претставниците на Фортон МКА интересот за Point е огромен.

image-105386%20-%20Copy%202.jpg

Бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и започнавме со физибилити студија на која предвидовме retail park и сме задоволни што проценките од пред 1 и пол година се остварија и сега имаме 100% исполнет retail park со класа А закупци од макендонскиот пазар. Среќни сме што и закупците ги препознаа вредностите на еден Retail Park и кои се придобивките од истиот, изјави Влатко Богоевски CEO na FORTON MKA/ CUSHMAN&WAKEFIELD

Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активности понудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот. - изјави Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park.

Отворањето на првиот Retail Park ‘Point’ е предвидено за 18 јули 2019.

https://kariera.mk/article/4847/foto-skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park-point-retail-park
 
Кириите овде отров беа кога ја видов мапата. Знам дека Ваикики го има речиси пола закупено, мислам најголем салон ќе им биде во земјава.
 
Овие па Зегин.
По ова брендовите ништо ново и поразлично од косово мол.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Како што гледам истите брендови се повтараат, ништо спектакуларно.
 
Истите брендови во секој трговски во државава.
 
Добро е што и таму се изгради трговски со сите тие продавници, а верувам ќе има и ресторани. Оти таму досега немало ништо такво каде човек може да пазари и да седне да ужива, немало трговски во тие делови од градот. Браво.
А, да, многу веројатно дека ќе се намали прометот во другите центри, посебно од косоварите.
 
Во Сити Мол е веќе намален, за да ги одржат бројките на пиплметрите организираат тури на деца од основно преку ден, натпревари по физика и што не :D

Како и да е и јас го делам истото мислење, нека се растерети малку.
 
Со здружени сили со Косове може и ќе има кој да пазари во трговскиве. Повеќе трговски центри од народ во метрополата, постојните + овој во Чаирит, плус Лимак ќе гради кај Рамстор, плус ќе се гради огромен кај Саем...:confused:
 
Кај тој Бугарско-Албанскиот кај Саем рекоа за 2-3 години ќе го направеле (тоа лани или преклани се викаше така), а гледам уште ништо не е почнато. Да не имаш некоја информација за тој трговски?
 
Беше некој да пренесе импресии? :)
 
Кај тој Бугарско-Албанскиот кај Саем рекоа за 2-3 години ќе го направеле (тоа лани или преклани се викаше така), а гледам уште ништо не е почнато. Да не имаш некоја информација за тој трговски?
Градежните активности се почнати, а кога ќе завршат зависи од многу фактори.
 
zapocna-so-rabota-prviot-retail-park-vo-makedonija-02.jpg

Калапот на северен фиром транзициски профитери. :icon_lol: бела кошула, стомак од кафани, каиш опнат ради реда и саат купен по критериум што поскап и покрупен.
 
Ко што ми кажаа, биле да босс АА, па оној на Бутел, Чаир и такви некои. Инаку била страшна гужва, наводно имало пониски цени (мижи митро), како што очекував имало и од Косово, разбира се, стандард кфц и таквија. Е сега, не прашав дали само кока кола, макијато и пилешко или имало и алкохол, свински коленици и слични подобни христијански специјалитети
 
zapocna-so-rabota-prviot-retail-park-vo-makedonija-02.jpg

Калапот на северен фиром транзициски профитери. :icon_lol: бела кошула, стомак од кафани, каиш опнат ради реда и саат купен по критериум што поскап и покрупен.
остај стомакот бе сатови глупости,
видија младата од позади ау
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom