Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Одамна ние се прашувавме... Ама некој дозволи, монтирани или не, да послужат какко докази во судска постапка. НЕЛЕГАЛНО снимени материјали, ЛЕГАЛНИ докази. Тоа го има само во оваа наша мачна и жална Македонија.
Госпожата Јанева, со просек 6,24 на факс( денес и ја објавија дипломата) го дозволи тоа :tapp:
 
Госпожа Јанева е обвинител, судиите се тие што дозволуваат или не.
Некој треба да обвини за да истото дојде на суд, а судиите вечином се под дирекција на власта, така да...
 
Снимките беа алатка за да се смени власта која ке го смени името. Сега и да ги поништат како доказ....џабе е

го кркавме и тоа немиен, а за тоа нема да ни платат(како на к.рвите што им плаќаат после ,,онадење,,)
 
Госпожата Јанева, со просек 6,24 на факс( денес и ја објавија дипломата) го дозволи тоа :tapp:
Добро е што просекот не е 5,24.

Некој треба да обвини за да истото дојде на суд, а судиите вечином се под дирекција на власта, така да...
И Јанева е под директива на власта...
Сепак судиите се тие што треба да го применуваат законот. Јас можам било кого, за било што да го тужам. Но судиите треба да ги отфрлат невалидните докази.
 
Добро е што просекот не е 5,24.

И Јанева е под директива на власта...
Сепак судиите се тие што треба да го применуваат законот. Јас можам било кого, за било што да го тужам. Но судиите треба да ги отфрлат невалидните докази.
И обвинителите играат голема улога, пример ти е случајот каде Зајко требаше да одговара за објавување на нелегални разговори и за уценувањето на тогашниот премиер, СЈО рече ние се откажуваме од случајот и го затвараме,
во тој случај требаше да се осуди оти не смее да објавува снимки (истото за што го гонат сега Ел Чека), а и во тој случај можеби ќе се дознаеше и изворот на снимките.

Друг случај каде обвинителот го реши е Смилковското езеро, обвинителката кажа дека слушнале дека имало некакви снимки и предметот се врати одново, а обвинетите лица се пуштени на слобода.
 
Се растрча СДССМ по селава, избори очекувам од декември до март најкасно. Мицика се спрема за протести.
 
Се растрча СДССМ по селава, избори очекувам од декември до март најкасно. Мицика се спрема за протести.
Од чисто практични причини не е добро да има избори во тој период. Еднаш на 22.03 гласачкиот материјал со магариња го носеа по планинските села.
 
СДСМ: Мицкоски е фрустриран и не може да се помири со успехот на Зоран Заев
latest
 
Адеми - На прсти се бројат големите дивоградби во Охрид

Одлично изрелативизирано. Џабе се замараме, дивоградбите биле скали и слични занемарливи ситнурии. Плус демантираа дека пред УНЕСКО кажале едно, а дома прават друго. А како се трескаа од земја дека ќе рушеле, па и тоа срањето на Матка и не знам што. Прекрасно, сега можеме да продолжиме да праиме муабет за препукувањата вмро-сдс.
 
Адеми - На прсти се бројат големите дивоградби во Охрид

Одлично изрелативизирано. Џабе се замараме, дивоградбите биле скали и слични занемарливи ситнурии. Плус демантираа дека пред УНЕСКО кажале едно, а дома прават друго. Прекрасно, сега можеме да продолжиме да праиме муабет за препукувањата вмро-сдс.
Министер без ресор со коментар на тема дивоградби :angel: само кај нас овие работи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom