- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.489
- Поени од реакции
- 18.516
Одмна викам дека треба Кајгана партија, макар и како сатира на нашава маинстрим политика.Со деца не се пие ракија, ќе ти ја изедат салатата.
А зошто да не може да се направи Кајгана партија? Треба најмалку 1000 граѓани да се потпишат и чао. Еден Павле Трајанов или Лилјана Поповска кога успеале цел живот да се шлепаат со власта, а имаат 5 души гласачко тело кога можат, зошто не би можеле и ние
Кајгана влада во сенка, може и тоа. Примоментално Кајгана форумов е пожив од моменталната опозиција![]()
Иако во моменталнава констелација на разочараност на гласачкото тело, Кајгана партија би можела да биде пандан на Живи зид или Мост во Хрватска.[DOUBLEPOST=1562928753][/DOUBLEPOST]
Гледаш дека е одлична контроверзна тема затворање на МРТВ и МАНУ, што ќе предизвика голема дискусијаЕ за МАНУ и МРТВ малку по-нашироко затоа што заслужуваат.
Значи сега откако ја избришавме Македонија како македонска држава велиш треба да ги укинеме и институциите кои имаа токму таква задача да ја чуваат и негуваат идеата за македонска држава и да пропагираат Македонизам?
Ова го предлагаш заради тоа што сакаш да ги казниш затоа што ништо не сторија или...???
Ова сигурно оди во насока за да не се случи некому повторно да му падне на памет да го воскресне Македонизмот или уште полошо да му падне идеа да прави повторно македонска држава, или само така мене ми изгледа?
Тоа што национални институции се водени и управувани од автошовинисти, анационални типови или лица кои се од друг етнос и кои покажале прилично „љубов„ кон Македонците, според мене не е доволна причина да си ги сечеме гранките на кои седиме
