Добар играч е Барела, огромен upside има, така да ваква инвестиција има смисла. Објективно гледано малку е скап, меѓутоа плаќаат премиум за тоа што купуваат млад талентиран италијански репрезентативец. Во секој случај, талентот го има, искуство во лигата има и доаѓа кај тренер што може да го однесе на друго ниво. Во овој момент трансферов од секој аспект има смисла. Натаму останува на него и како клубот ќе го користи.
И он и Сенси се добри играчи, меѓутоа за овој дел на теренот, пак ќе повторам, треба уште еден играч. Докажан, гарантиран квалитет. Некој што на грб ќе го носи тимот на средина на терен во моментите кога е густо и притисокот е најголем. Таква инвестиција според мене, спортски, ќе има најголем поврат за Интер. Лани на најголемиот дел од битните натпревари беа надигрувани баш од таа причина, поради тоа што немаа квалитетен играч да преземе, кога рутата преку Брозович беше прекината.
Се надевам дека има вистина и во муабетите дека клубот се предомислува за Наинголан. Играч со негов квалитет одма ја менува математиката.
Доколку, хипотетички, успеат да го заменат Валеро, Марио и еден од Весино и Гаљардини со Барела, Сенси и еден класа играч, без да го продадат Наинголан, ќе завршат монументална работа. Додади на тоа и еден reliable напаѓач и тимот опасно се доближува на Јувентус по квалитет. А тоа е се што му треба на Конте, нека го доближат ростерот квалитативно на оној на Јуве и Наполи, другата работа ќе ја заврши он. Во домашни првенства ги јаде за доручек и Сари и Анчелоти.