После војната, новата „комунистичка“ власт спровела т.н. национализација. Приватен имот на луѓе бил одземан (со закон) и станал државен. Распрашај се, изгледа си помал. Првата влада на ВМРО ДПМНЕ (на Љубчо) почна денационализација, односно, враќање на имот кој може да се врати на потомците на првите газди. Некој имот, на пример, куќи, ги купија новите станари, или на некои места се изградени улици, други објекти... Нив нешто пари требаше да им вратат. Тоа и денес не е завршено, но многу луѓе останаа со одземен имот. Многу.
Замисли, во семејството да имате 2-3 стана. Купени, наследени.. И државата да донесе закон со кој еден стан ќе задржите, а другото ќе го земе државата... Ќе се сложиш? Денес ќе има протести за такво нешто, ама тогаш в затвор можело да се заврши ако се спротиставиш.