Апсолутно не. Утре истото и во Барселона може да го направат.
Таква е тактиката на моменталното раководство на Барселона, кое за жал го уништува угледот на клубот и ги наруши односите со многу европски клубови.
Посебно последните неколку трансфер периоди, после заминувањето на Нејмар скроз пролупаа. Дембеле, Кутињо, сега и Гризман, со сите се случува истата ситуација, на ист начин ги донесуваат. Изгледа дека не е до играчите, туку таква е "тактиката" на Барселона. Се надевам дека ова ќе заврши догодина со пораз на моменталното раководство на редовните избори во 2021ва.