Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Апликацијата како се вика?
Ја има на Google play? Мислам, од утре почнува работава, нели?
 
https://www.radiomof.mk/gragjanite-reagiraat-na-problemi-so-aplikacijata-mojddv/
дел од проблемите со апликацијата. На пример, нема приказ на сумите на ддв и поврат односно нема увид во цифрите. Точно е, има некој вк износ на сметка, нема износ на поврат.
Информативно-Втора работа што повеќе ме нервира е што мојот мобилен е со послаба камера (алкател У5 4047) па овие сметки не може да ги скенира (вибер на пример и другите кодови може). Што е голема глупост, дали треба да имаме најнови модели камери. Ако ова не го поправат барем со овие две фалинки, ќе го одинсталирам и ајт, не дека мрчам.

Патем за објаснувањето дека треба да стои физичко лице е нонсенс, ДООЕЛ. Стојат Електроникс Артс, Фејсбук итн итн. Се работи за најосетливи податоци, пари, лозинки, сметки...
 
Последно уредено:
Ја сефтосав апликацијата. Функционира ок. Внесов сметки од вкупна сума 2500 ден. Не пишува колку е поврат само има бруто износ на промет. Мислам дека УЈП ми должи 50 денари :)
 
A колку стари фискални сметки може да се скенираат?
 
Први впечатоци од апликацијата-не дава преглед на остварен промет или колку поврат следува од скенирани сметки, лош систем на скенирање.Сметка од Тинекс не го препознава бар кодот не се скенира, пробано со две камери од нови модели на телефони.Според мене, ќе има доста вакви игранки, што помалку сметки да се скенираат. како стојат работиве од прв ден -фијаско....
 
пробав вчерашна, не сакаше. Ако некој друг проба, дали е до мене, не знам
Веројатно од денес натака тогаш.. И сеа грубо земено да не читам наназат, а сигурно имате пишано, од 1000 денари фискална сметка имаме повраток на?
 
Веројатно од денес натака тогаш.. И сеа грубо земено да не читам наназат, а сигурно имате пишано, од 1000 денари фискална сметка имаме повраток на?
од @Mich0MKD имаше една формула за пресметка
https://forum.kajgana.com/threads/МојДДВ-проект-за-поврат-на-ДДВ-кај-граѓаните.105738/page-3#post-8685790
би дошло негде 22.9 денари

можда поедноставно сумата помножена со 0,022881
или грешам?
 
од @Mich0MKD имаше една формула за пресметка
https://forum.kajgana.com/threads/МојДДВ-проект-за-поврат-на-ДДВ-кај-граѓаните.105738/page-3#post-8685790
би дошло негде 22.9 денари

можда поедноставно сумата помножена со 0,022881
или грешам?
Зависи од тоа под која ставка на данок се производите.

За 1000 денари најдобриот случај би бил сите да се по 18% и тогаш би биле 22.9 денари. Во најлош случај сите производи се со 5% данок, тогаш сумата би била 7,14 денари. Реално би била измеѓу тие две суми, зависи од продуктите.
 
Знаете дека ајфон коросниците неможат да ја слимнат апликацијата. Сигурно си мислат имат ајфон па не им треба на нив ова :D

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Колку шо разбрав секоја сметка има рок 10 дена да се скенира.
 
Толку филозофија е да се испрограмираат самите каси да пресметаат ддв и да враќаат одма? За илјада денари или колку и да е да се ебава човек не вреди
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom