Немале попис ниту графа за етникум, ама имале јазик, култура, песни, приказни... Имињата си ги ставале од сопствената култура, сопствената историја... Претежно тоа важи за словените.... Впрочем дека не е вистина тоа што го збориш говори и фактот што Словените не ја прифатиле христијанската религија пред да им се понуди на нивниот јазик... Они ја помешале со својата култура. Со тоа тие не се откажале од своите имиња, од своите приказни и од својата митологија.
Топонимијата не е нешто што се се наметнува. Може да се наметне име на град при окупација, меѓутоа имињата на селата, на месностите околу селата планините, ридовите, нивите, ги дава населението.... Ако Албанци живееле во Колари, Слатино, Лавце, Вејце, Шипковица и така натаму веќе со векови... Зошто тогаш не си наметнале свои имиња, кои ги разбираат.... Зошто се вика Шар Планина, Кораб, Бистра, Стогово ? Кои се Албанските имиња на овие планини... Ако ги има кој е најстар извор за нив?
Да ти кажам ли што значат имињата на сите Албански села??? Освен Черкезе, кој топоним го означува вашето потекло, ниедно друго село во МК нема Албанска топонимија... Чак што више, 90% од Албанската топонимија била Словенска до пред 100 години, кога е формирана Албанската држава.
Ајде сега вака, кажи како се викале твоите христијански претци, од каде потекнуваш од кое село... кое било Христијанско презиме на твојата фамилија пред да ја земат муслманската вера.