Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да.Можно ли е истегнат лигамент(при виткање) на скочен зглоб да отече?
Ваљда добро се изразив.
... не да може, туку мора да се појави оток, оти се случува „повреда“ во глуждот!Можно ли е истегнат лигамент (при виткање) на скочен зглоб да отече? Ваљда добро се изразив.
Си'бав(морам) матер играјќи фудбал, и многу лошо згазнав, тотално спротивно на нормалното. Наместо да „слетам“ на прсти, јас на пета.Беше бааѓи потечена, па успеа тој оток да спадне. Останато е, се надевам оток, уште малце под „топчето“ на тибиата, и околу тоа на фибулата.Кога се случи ова, ја снимив чисто за сигурно рентгенски, и коскено беше ок. А другот скен, да се почека да спадне добив совет, па може и ќе треба да се направи таков.Околу „болна“ состојба, на моменти има само болка, при некое нагло виткање на зглобот.А барав по нетов, и како да имаше 4 нивоа на повреди на лигаментите. Истегнување, мало, средно, и целосно кинење. Ама никаде не дава конкретно that the ligaments can be swollen.
... ај замисли дека се работи за рамо и прашуваш дали е можно да е изместено рамото? што мислиш нема да знаеш самиот? а за скршеница самиот ќе слушнеш или ке почувствуваш едно „крццц“ како пукање, нели?@bijons
Дали постои можност нешто да е изместено, иако 95% од времето јас болка немам во зглобот(освен ако не пробувам да го свиткам и истегнувам, пр. вежба). Дали би осетил приметливи потешкотии при одење.Дали истото би се случило при некакво кинење на лигаменти? Исто така, не можам исто да ги свиткам „навнатре„ зглобовиве, што ваљда е уште нормално, ипак треба време.Тетивава е малце боли, но како да поминува. Движењето ми е горе-доле ок, но ногата како да е малку „стегната“, не е опуштена или нормална како другата.п.с. Ова се случи на 8 јуни(сабота вечер), значи пред 16 дена. Околу третман, ја „удавив“ со acidi borici, стегач пробувам, но демек ни ми требало веќе.Чудна ми е ногава у моментов, посебно внатрешна страна под тибиата. Малку е „поголема“ таму. А кај надворешната, мало потекување, кое би требало да спадне кај и да е. Како балонче е.Малку сум скептичен за местачиве, при евентуално изместување на нешто во зглобов, и одење кај нив за местење.Еве една пеинт слика каде ми е чудно со ногава, да не ја сликам.
... не заборави стегач или еластичен завој и пази што обувка ќе носиш, ти препорачувам висока патика за да го „држи“ зглобот стабилно!@bijons Токму поради тоа што се немедицински лица, постои скептицизам. 2 пати дури ми викаат оди, знаат, дарба е, ќе види што е. Што ако ме дозаебат? Поради тоа ме одам, ниту планирам да одам.Секако дека читам мислења, искуства и слично.А верувам дека би имал потешкотија при некаков дефект, изместување или кинење лигаменти. Ама чисто ме интересира, како еден вид на можеби психолошки мир,. Xray покажа нема скршеница, иако направен после 2 дена. Што ако и најверојатно имаше,не верувам ни дека ќе издржев да ме префрлат до дома.Мирувањето ќе продолжи, единствено само што ќе мора до работа да се оди.
... не заборави стегач или еластичен завој и пази што обувка ќе носиш, ти препорачувам висока патика за да го „држи“ зглобот стабилно!
Од стегачи имам спортски. Се става на стапало, п се мота околу зглоб. Патики високи но под разно, не сум љубител. Исклучиво ниски.
мора малку пошироко, а не само Да или НЕ!@bijons Ниво на тропонин од 0.3 ng/ml укажува ли на нешто или пак е сосем нормална вредност?
@bijonsмора малку пошироко, а не само Да или НЕ!
... биохемиски маркери на миокардно оштетување се подразбираат ендогени супстанции (ензимски или протеински) кои се „ослободуваат“ и преминуваат во периферна циркулација после оштетување на миокардот без разлика од која последица (не мора да биде само некроза на миокардот, туку може да биде од механичко или токсично оштетување на миокардот)!
... некои од овие маркери се специфични за миокардот т.е. се наоѓаат само во миокардот и тоа е troponin кој доколку имаме оштетување на миокардот истиот се ослободува во крвта (најчесто при појава на градна болка тропонин се ослободува после 2 ч, максимална вредност после 12ч и потоа се одржува така во висока вредност до 14 ден!)
... и сега прашуваш дали тропонинот со вредност 0.3 ng/ml е нормално или не?
troponin I , troponin C, troponin T ? оти тој е комплекс од три регулаторни протеини ( I,C,T) кои учествуваат во мускулната контракција, но да речеме дека се мисли на troponin I оти е прв избор за кардијален маркер при AMI (акутен миокарден инфаркт) со оглед дека има највисока сензитивност и специфичност!
... и затоа, правилно би рекле дека секоја лабораторија мора за срцевите маркери да утврди референтни вредности, т.е. да одреди вредности за пациенти кои немаат инфаркт, а имаат други срцеви заболувања како нестабилна ангина, конгестивно срцево заболување и сл, така да секоја лабораторија за своите срцеви маркери треба да имаат преломна концентрација (cut-off вредности) кои се користат при процена на срцево оштетување, така да таа дијагностичка биохемиска лабораторија каде ти е испитан маркерот тропонин треба да ти укажаат за кој тропонин и која „преломна концентрација“!
еве јас ќе ти приложам сликовито повеќе примери што сакам да кажам:
![]()
![]()
твоја вредност е? 0.3 ng/ml... значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?
![]()
![]()
твоја вредност е? 0.3 ng/ml... читај последна реченица, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?
![]()
![]()
твоја вредност е? 0.3 ng/ml... Cut - off? последната ставка од текстот, значи под 1,0 ng/ml што значи ? што?
...тоа значи дека ќе си легнеш мирно да спиеш дека твојот тропонин I си е „мирен“ ВО НОРМАЛНА ГРАНИЦА (испод крајна референтна вредност) земено споредбено со наша лабораторија, и некоја друга таму во ЕУ со други тестови !