Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам дека вака имаше и порано...обично си одат тие пред пензија или тие што мислат дека лесно ќе си најдат нови работно место или започнат бизнис. Има и такви со дебели партиски врски што си одат и веднаш се вработуваат во јавен сектор пак или шема наречена "вртелешка".

Да наголемо се шушка ова, можно е да има вистина нешто не знам.
 

Wow, кое изненадување :rolleyes:

Тамара заедно со сестра и станаа едни од најиритирачките суштества во вукојебинава. И после више од месец дена откако заврши Евросонгот, тие уште го потат со седмото освоено место на тој фестивал. Јајцата цитрони...

BTW да не се заборави што мислење имаше "гордава" пред да и се слеат парите на сметка.

skandal1.jpg


Дно од сестри...
 
Тамара заедно со сестра и станаа едни од најиритирачките суштества во вукојебинава. И после више од месец дена откако заврши Евросонгот, тие уште го потат со седмото освоено место на тој фестивал. Јајцата цитрони...

BTW да не се заборави што мислење имаше "гордава" пред да и се слеат парите на сметка.

skandal1.jpg


Дно од сестри...
Ама за Северна тоа не важи... Северна е „таман“.
 
Интересно Си Ви (CV) на новиот министер за култура, Hysni Ismaili. Прво, човекот е медицинар, што мајка бара во култура, бог да чува. Тешко дека нешто треба да се очекува. Следно, во сивито навел дека од странски јазици знае Англиски (адванс левел), а Македонскиот му е флуент, како и Босанскиот. Ме чуди што не ги навел српскиот, хрватскиот и црногорскиот кои се речиси исти со босанскиот јазик.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Ако е ова пораката која ја примиле од народот, тогаш наредната порака којзнае како ќе ја разберат. Не ме ни чуди со оглед на тоа што пораката од бојкотот на референдумот ја толкуваа поинаку, така и оваа порака не е изненадување што ја разбрале вака...:toe:
 
Интересно Си Ви (CV) на новиот министер за култура, Hysni Ismaili. Прво, човекот е медицинар, што мајка бара во култура, бог да чува. Тешко дека нешто треба да се очекува. Следно, во сивито навел дека од странски јазици знае Англиски (адванс левел), а Македонскиот му е флуент, како и Босанскиот. Ме чуди што не ги навел српскиот, хрватскиот и црногорскиот кои се речиси исти со босанскиот јазик.


Молчи Ѓорги, оти во недостиг на кадар може Зајко и тебе негде министер да те стави...:)
 
Илузии за "ено опшесво" и наднационални држави паралелно управувани од субјекти кои што се одржуваат на власт повторно преку картата на национализмот и етничките поделби, тоа е парадоксот во кој што живееме.
Еното опшесво на Заев значи бинационална држава со две паралелни структури кои што спроведуваат сопствени закони врз етнички поделена територија.

Убивањето на националниот карактер на државата на кој што сме сведоци денес, фабрикување на историски факти и правење огромни отстапки на сметка на илузии за европска идинина е брз рецепт за државно и национално самоубиство.
Национализмот со сите негови маани е неопходна нишка за едно општество и народ биде во можност да преживее во овој турбулентет свет. Западниот свет може да ни продава басни за еднаквост и наднационални општества, меѓутоа национализмот ќе постои и ќе биде дел од нивните општества уште долго време. Впрочем, во услови на евидентна опасност од надворешни влијанија кои што го загрозуваат националниот карактер на државата се случуваат подеми на националните движења и во државите кои што се водат како либерални општества. Пример бегалската криза и политиките на либералните влади кон тој проблем беа тригер за ваквите движења. Видете го Обединетото Кралство во кои гомна се дави после Брегзитот, Трамп е резултат на тој национализам.
Заради стравот од него, Франција, Холандија и Германија, кои што се водени од релативно либерални влади, парадоксално излегоа како најголеми противници на ЕУ проширувањето.

Само ние овде, една шака криминалци тргуваат со националните интереси и изиграваат поголеми либерали од оние кои што го измислија тој поим. Глумат наднационална држава и серат за ено општество, илузија која што ниту еден национално освестен народ нема да ја проголта, оти тоа е најкраткиот пат до државно и национално самоубиство.
Ние преку договорите со Грција и Бугарија, заедно со премолчаната внатрешна територијална поделба на етнички зони на влијанија, си играме руски рулет со државата и националната свест на народот.

Секаде во тек е национално самоубиство. Од Источна Азија со стапки на наталитет светски рекордери по нискост, преку Кина со глупи западњачки емисии на ТВ, па се’ до САД. . И тоа е природно. Нација и народ се секаде во поголема или помала мерка одредени како припадност на стадо. а кај има стадо, таму има и предатори-волци.
Разликите меѓу нации се само во степенот на самоубиство, кој е некаде поголем, некаде помал.

Ќе наведам само пар аспекти на национално самоубиство во кои Македонија е единствена, или рекордер, или во врвот:

1. Кукање. Само да се кукало. Во други дупки има гласови и акции на борбен дух. Само во МК, жалопојки се безмалку единствена реакција. Се пожалив на едни Хрвати. Ми докажуваа разумно како мојата земја и народ имаат и добри страни, и ме храбреа, пријателски.

2. Да се било без ич свест за тоа како политички врвни цели се врзани за економскиот живот, а тој економски живот го чинат и мали дела, мали обзири во секојдневието.
Таму каде фокусот е само на политичкиот врв, името, и непријателот, националниот живот е како испразнет од содржина.
За отпор и борба мора да има нивна базираност на другарство и идеализам, судејќи по разни примери 1 . 2 .Дури и еден Исус имал луѓе кои ќе го бранат, додека тука, да направиш нешто од идеализам, ти се заканува можност да родена мајка те осуди „што си бил будала“.

Во други земји има малцинство кое изразува жива мисла и тоа го прави присебно.
Тука пак, и најдобрите и најживи гласови
а) покажуваат психолошки еквивалент на полнење гаќи, : губење нерви и свест за тоа кои се и каде се.
или пак
б) се професори со академски жаргон кој е потешко разбирлив од странски стручњаци на странски јазик.
Често реферираат на правото, правната наука. Хм.
Законите на една земја вредат онолку колку вредат луѓето во таа земја.

Флешбек: Кога имав околу десет години, еден комшија купи во тоа време реткост, расно куче, кученце мало, кое го пушташе да слободно се шета низ маало. Специфично во таа ситуација беше однесувањето на децата во маалото. Скоро сите беа заинтересирани за кучето само да го - намамат. Да го изманипулираат. Со други зборови : да се поигруваат со него, наместо да со него природно се играат. Скраја да е да го галат и слично.
Ова тогаш ми падна во очи... а мој постар другар истото независно ми го потврди како негова лична опсервација.

...
Таа приказна зборува за тоа каков вид на личност или психолошки профил најмногу се одгледува во ова поднебје.

Тој тип гради свој општествен живот цигла по цигла, при што секоја цигла е по еден трик.

Децата растат, генерации се нижат. Тие кои нивниот општествен живот се трудат да го сведат на игра се проиграни - од мал број од нив самите ... кои пак се проигрувани од странци.

И во сето тоа се наѕира некој божји резон.
 
Ако ја разбрал пораката Заев следи укинување на прогресивниот данок
Па не веднаш, ама за пола година, може и да “признае“ дека беше грешка и дека треба да се смени. Ама сепак подлегна под притисок на скопското крило и не го именуваше Кочо за министер.
 
Интересно Си Ви (CV) на новиот министер за култура, Hysni Ismaili. Прво, човекот е медицинар, што мајка бара во култура, бог да чува. Тешко дека нешто треба да се очекува. Следно, во сивито навел дека од странски јазици знае Англиски (адванс левел), а Македонскиот му е флуент, како и Босанскиот. Ме чуди што не ги навел српскиот, хрватскиот и црногорскиот кои се речиси исти со босанскиот јазик.

Мене почудно е што многу време студирал и дупките што ги има пример 1988 - 1995 и 2009 - 2011.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom