ПРОШИРУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНИОТ ПЕЈСАЖ
ВО СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Скици од практиката)
*
(Повик од +389 2 510 0819)
*
- Да, молам!?
- Зоран!?
- Да
- Овде Даниела од НЛБ, сте доставиле Барање дивидендата да Ви биде исплатена на сметка во друга банка?
- Да, да
- За жал, ќе мора да повторно да го доставите на наш образец
- Нешто не е во ред со мојот спис!?
- Не, не, господине, во ред е Вашето Барање, има Ваш потпис, податоци..., но, мора да биде на наш образец
- Даниела, Ве молам, може ли да направите напор да го прескокнеме ова формализирање!?
- Не, не, господине мора на наш образец
- А може да Ве замолам да го прикачите моето Барање врз Вашиот почитуван образец?
- Не, не господине
- ОК, Ви благодарам