Проблем со голуби

Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Живеам во зграда, на едниот балкон нон стоп голуби ми прават гнездо. Имам мало дете и жена ми се плаши.
Го растуравме неколку пати, ама пак се враќаат.
Што можем да напраем, балконот е чист немам ствари на него па да помислим дека нешто ги привлекува, или нешто да емитира вруќина или ладно.

пс.Незнаев кј да ја отворим темава, па ако не е на прикладно место нека ја поместат модераторите
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Не беа Гулаби , или каде како ? На Струмички инаку - Г'л'би , тој што ги одлгедува е Г'л'бар :D
Он Топик , не е убаво да го уништуваш гнездото на птиците како прво,а гулабите го памтат местото и секогаш ќе се навраќаат таму, зависи на кој спрат живееш , ако имаш у близина на балконот некое дрво , премести го гнездото на гранките ако ти е изводливо .. ако нема каде да преместиш и по секоја цена нејкеш да ти се враќаат , стај си мрежа .
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

На тетовски дијалект се голуби :)

Иначе гулабите се права напаст, поготово ако имаш некоја дупка на таван кај што можат да се пикаат, освен да ги бркаш или да имаш од оние апаратчиња што зујат, само не знам дали се продава негде нешто такво
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

...одбирањето на балконите од страна на гулабите е затоа што има површина за атерирање и полетување, безбедно од временски непогоди, може да има храна ако некој чува тоа на балкон и е скриен од сите погледи посебно од нивните предатори (мачки, гаврани, бувови, орли...итн) за да можат да направат безбедно гнездо и не е толку страшно нивно присуство колку што е деструктивно нивниот фецес посебно на фасадата и сите мака мачат со ова појава!
и мене долго време ме мачи за да најдам решение, па сите предлози од други искуства ги примеувам, стратегија бр.1

некои отидоа до таму да поствуваат бодликава жица на своите балкони, што не само што е опасно за станарот да се повреди, туку гулабот си ја прелетува жицата и пак се поставува на балконот!

применети подолги боцки косо поставени во рабовите на зградите!

...применети уште подебели боцки за заштита на орнаментите на фасадите на згради!

...некои ја подобриле таа идеја со подолги пластични игли како бодликава жица !

ама ако не од крај до крај на просторот гулабот ќе најде простор пак да атерира, инпровизирав и јас некои пластични долги „боцки“ и стратегијата на бркање не е успешна! :D
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

... кога веќе не оди само со бодликава жица, или подолги пластични игли, се отиде до таму да се држи на балкон мачка како предатор на гулабите и дополнителна пречка за да атерираат гулабите на балкон! стратегија бр.2

...ама мачката дополнително прави проблеми не сакајќи цело време да биде на балкон или прозор, па макар и врзана или пак за кратко време се спријателува со гулабот највероватно што е прејадена од стопанот и ја фаќа мрза да биде тоа што природата и одреди да брка и гулаби, па и глувци!

...гулабите за кратко време го одредуваат растојанието до каде може мачката да делува т.е. да биде опасност и веќе нема страв да атерира дури и во нејзина близина, со што и ова стратегија не е успешна за бркање на гулабите! :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Живеам во зграда, на едниот балкон нон стоп голуби ми прават гнездо. Имам мало дете и жена ми се плаши.
Го растуравме неколку пати, ама пак се враќаат.
Што можем да напраем, балконот е чист немам ствари на него па да помислим дека нешто ги привлекува, или нешто да емитира вруќина или ладно.

пс.Незнаев кј да ја отворим темава, па ако не е на прикладно место нека ја поместат модераторите

Имам чуено дека за да се избркаат треба нешто да се запали, некое платно, така нешто, оти бегале од димот и наводно и гнездо ако имале ќе го напуштат.
А види и со ова
https://www.amazon.com/s?k=Ultrasonic+Bird+Repeller&x=14&y=25&ref=nb_sb_noss
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

... идејата за користење на плашило за птици во нивите, некои си ја пренеле како заштита и бркање на гулабите! стратегија бр.3!

... арно ама ниту изгледа убаво, ниту гулабите се плашат, едноставно не атерираат на плашилото, ама треба стопанот да постави плашило од крај до крај цел ред, како куклен театар што нема смисла, така да и ова идеја за бркање на гулаби од балконите и прозорците не е применлива и ефикасна! :D
 
сликиве ми прават троубек кога скролав по мотика во 2009та
 
Kajgana Shop

На врв Bottom