Фан клуб - РК Вардар

И мене не ми се допаѓа овој трансфер.
 
Мене воопшто не ми се допаѓа ова како трансфер. Во минатото вакви трансфери му донесоа многу на Вардар, но овој го сотреа повреди, на прсти му се бројат изиграните натпревари последниве две сезони. Се надевам дека некој во управа знае повеќе од нас.
 
Стар е веќе Атман,издуван балон,тешко дека ќе ја врати формата од пред неколку години.
32 години има го утепаа повреди последниве години.
Мислам дека можеше некој помлад играч да се донесе.
Вака многу ризична е бековската линија,Дисингер да не заборавиме дека е стаклен,Горбок исто,сега и овој....
Се надевам дека грешам.
 
Се надевам дека ќе носат уште играчи, и тоа некои посериозни. Реално фали трет среден бек. Некој наш сигурно ќе бараат. Ама што правиме со лев бек, Горбок и Дисингер, ко што вика shweps, многу се ризични. Доколку се потпише Серафимов што тука? Ако се повреди Криштопанс, он ќе игра против Барса, Веспрем, РНЛ? И тука треба нов бек. Ни треба бек-уп на цела бековска линија. Прашање е дали Горбок воопшто ќе игра во ЛШ повеќе.

Ќе видиме што ќе се донесе деновиве.
 
Трансфери на добри играчи дали ѕвезди или ракометни надежи се договараат многу порано пред да дојде летото. Сега може да се купи едино тоа што ќе се најде од ограничениот избор, единствено ако не се најде нов Самсоненко па како пред 5 години да мавта со купишта пари пред носот на најдобрите.

Со оглед на тоа дека се очекуваше распад систем на Вардар, и ова сега е добро.
 
Сите веќе го најавуваат Атман
 
Атман за во Лига на Шампиони на битни утакмици да е здрав ќе е доволно, за во сеха нека играат нашиве.
 
Викаш добар е да го земеме.:D

Па чим гигант како Македа дојде, зошто да не дојде сличен добар играч како него...
А може и од онаа дупката ПСЖ да собереме некој играч, и онака не ги бива за ништо.
 
Младите ракометари се на мета на Вардар на иницијатива на почесниот претседател Михајло Михајловски, кој сака повеќе македонски играчи кои се дел и од репрезентацијата. Тој го најави ангажирањето на младите ракометари од Македонија пред извесно време, а сега полека почнува остварувањето на неговата визија за актуелниот европски првак.


Ич нека не пробува со вакви глупости, океј е со двајцава од Металург ама не сеа сите пропаднати таленти на Лино Червар да ги носиме.
 
Не верувам дека има вистина во ова, а доколку има се надевам дека нема да се оствари.
 
Неверувам ни ја дека ова е точно. Искрено имам сомнежи и за Атман. Но, Талески го има одбиено Вардар во минатото. И покрај тоа што он е аеродромец, неверувам дека би се преселил во Вардар. Иако, треба да си бара нов клуб, зошто во РНЛ не му иде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom