MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Така е, твоите теозофски интуиции се заштитени од било какво запрашување бидејќи нема како да се побијат ниту да се докажат. Преку душевниот опит кој богзнае што значи, ти знаеш дека душата ти е во мозокот и срцето.
Вонтелесните искуства не се јаки докази за ништо. Нема начин како да дискриминираш халуцинација од вонтелесно искуство освен преку твое толкување кое е дериват на твојот светоглед.
Сите завршувате со:
1. Моето верување е надвор од овој свет, па никој не може да ми го побие.
2. Моето верување е точно зашто ја и другите што веруваме осеќаме така.
Каква сакам глупост ќе кажам и после ќе речам дека е надвор од светов и материјалните закони, па никој не може да ја побие во овој свет.
...или, како што рече некој на форумов: „...Игнорирањето е благослов...„.
