Прво соодносот ти е потполно погрешен.
50гр сода нема ни да го допре допре бигорот, а 5 литри алк. оцет е премногу. Јас знам за два проверени начини од лично искуство повеќе пати до сега и резултатите се ОДЛИЧНИ!
Првиот начин е со лимонтус (поскапа опција, зошто треба да купиш цело пакетче со врекички од маркет
)
за машина до 5 кг =350 грама
за машина од 7 кг =450 грама
и 8 кг = 500 грама
Го сипаш лимонтусот во бубањ и пушташ програм на температура од 90/95 степени (без предперење) да го заврши целиот циклус. Пред тоа исчисти го филтерот а истото повтори го и по завршувањето на програмот. За да го видиш резултатот стави го цревото за одвод од машина во када, затни ја кадата со чеп и ќе видиш што ќе излезе. Ке си речеш па тука ли ми се переа алиштата
.
Вториот начин е со сода бикарбона и алк оцет.
Просто..прво истури 250 грама сода бикарбона во бубањ па додај 1 литар алкохолен оцет. Пушти ја машината на програм 90/95 степени (без предперење) да го заврши целосниот циклус.
Пред тоа исчисти го филтерот а истото повтори го и по завршувањето на програмот.
Верувај успешно се докажани овие методи во целосно чистење на заостанат прашак, бигор, сите останати бактерии, габички, фекалии.. како и се останато што се наоѓа во системот. Правиш комплетна дезинфекција и чистење на наталожениот бигор на греачите. Не троши пари на маркетиншки трикови како што се Калгонит и сл кои се +- базирани на овие супстанци.
Исто така извади го и темелно исчисти го садот каде што се внесува прашок/омекнувач (можеш да употребиш стара четка за заби и раствор од сода и оцет) бидејки тоа е гнездо за габички и бактерии. Дихтунг гумата на врата пребриши ја со алкохолен оцет.
И како што ти кажаа во иднина оставај ја вратата подотворена за да се вентилира и исуши бубањот. А после секое перење со сува крпа избриши ги остатоците од вода на гумата (исуши ја).
Исто така во иднина од време на време кога ќе пушташ машина на бели алишта во прашокот можеш да додаваш по една-две лажици сода во прашокот за перење. Стара но добра финта.