Фан клуб - РК Вардар

Од сите што заминаа пред да освоиме европска титула, највише ми е криво за Тоскиќ, заслужи и он да се радува со дечките.

Неможе само Тоскиќ, и Брумен беше одличен.
Ама ете, можеби со нив немало Вардар да освојат.
 
KOa veke pocnavte so igracive mene za Reznicek najvise mi e krivo...
 
KOa veke pocnavte so igracive mene za Reznicek najvise mi e krivo...

Добри беа со Тихомир Додер и Чантурија, ама никако неможат да се споредат со никој од скорешниве играчи.
 
Неможе само Тоскиќ, и Брумен беше одличен.
Ама ете, можеби со нив немало Вардар да освојат.
Да, ама него некако цигарите му беа побитни од ракометот и Вардар, затоа не го ставив.

А Додер ако добро памтам потпиша педерски кај Лино пред завршување на сезоната.
 
Брумен оџак беше, на спирометар најтапа резултат од цела екипа вадеше а тоа е нешто.
 
Дечки џабе е да се лажеме ама со Брумен, мојот човек тоскара и Прибак немаше да забележиме вакви успеси, на луѓето им фалеше онаа класа повеќе за ф4 и титула и тоа е тоа.

Секоја чест и огромна благодарност што беа дел од оној Вардар кој полека се градеше и стануваше страв и трепет во Европа ама лимитот им беше тој и не за џабе не беа во плановите на клубот.

Сега не очекува лудо лето, мораме да се засилиме асално, баш ме занима да видам што има Кокшаров како план за новата сезона, ако муабетите погоре се вистински тогаш сериозно не знам што се чека, Калараш заслужи нов договор и доколку го земеме тогаш има една главоболка помалце и тоа битна главоболка.

Лошо е секоја година да бараме нов дефанзивец после Илија, ретко се наоѓа некој што може да го исполни неговото место и да ги задоволи нашите критериуми.
 
http://www.g-sport.mk/vest-statija/...AwUO9o5SZjYce9W13qcQg-QDZeqQl6hWRe-8TqIJjoJRQ

Не знам колку е сериозен порталов, поише ми личи колку да се напише нешо... ако е вистина, можеме ли да го воскреснеме овој:)?
Не знам колку и Атман ќе ни заврши работа. Добар играч е, нема што, али не сум сигурен дека е доволен. Ни таа опција Житников да се носи, не ми се допаѓа. Ако морам да бирам од нив двајца, најверојатно Атман би го избрал.

Критично е да се донесе добар среден бек. Јас искрено немам многу доверба во Скубе. Не го изигра Ф4-от на ниво. А, ни вториот дел од сезоната општо. Точно е дека он има некои соло продори, ама ако се види нашата игра, Кристопанс и Игор ги проигруваа доминантно пикериве и крилата. Скубе прилично послабо. Плус и многу технички грешки знае да прави. Лоши додавања, му испаѓаат топки од рака. Со Барса слабо и го пушташе Парондо, а со Веспрем на крај во клучен напад се сплетка сам и му испадна топката од раце. Ни би сакал он да ни ја држи играта сам по 40-45 мин.

Вујовиќ во тоа студиото на арена даде некое негово видување дека Скубе е добар играч, али он сакал се да се врти околу него, он да ја контролира играта. Кога имало друг креативен играч во игра, он почнувал да се губи. Тоа е некоja перцепција на Вујовиќ.
 
Последно уредено:
Не беше лош Атман додека играше за Металург,па и после за Мешков,солиден играч беше само последниве години откако отиде во Германија мислам дека доста падна,не сум го гледал многу па ептен да зборам ама и повреди гледам го зафатија доста,светсково го пропушти,пред тоа Русија не играше на европското така да не сум го прател баш откако е во Хановер.
Плус и стар е веќе 30+ години,незнам дали ќе може да ја врати формата.

Сепак мислам дека подобро би било некој млад талентиран играч да земеме на таа позиција.
Меѓу Атман и Житников би го бирал вториов,мислам дека боље би се снашол во Вардар,и има доста голем потенцијал кој мислам дека не го има исполнето,ама и он не е баш млад.
 
Како што рече Илуминус што све нема да прочитаме овој период поврзано со трансфери за Вардар.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Не беше лош Атман додека играше за Металург,па и после за Мешков,солиден играч беше само последниве години откако отиде во Германија мислам дека доста падна,не сум го гледал многу па ептен да зборам ама и повреди гледам го зафатија доста,светсково го пропушти,пред тоа Русија не играше на европското така да не сум го прател баш откако е во Хановер.
Плус и стар е веќе 30+ години,незнам дали ќе може да ја врати формата.

Сепак мислам дека подобро би било некој млад талентиран играч да земеме на таа позиција.
Меѓу Атман и Житников би го бирал вториов,мислам дека боље би се снашол во Вардар,и има доста голем потенцијал кој мислам дека не го има исполнето,ама и он не е баш млад.
И јас сум,за варијанта Житнњиков.Многу ми се допаѓа како играч.
 
Житников се запали против нас во Сегед, ама вака колку што гледав, немаше некоја минутажа низ сезонава.

Инаку, Гумберсбах испадна од Бундес лигата. Така што сега Ивиќ може ќе биде слободен за трансфер. Јас и него не го сакам во Вардар. Но, имам некое чувство дека на овој Гедбан, нема да му го продолжат договорот. Он имаше 1+1 договор.
 
Не е прв пат Атман да се поврзува со Вардар, приказната трае веќе неколку години. Во овој момент е голем ризик како трансфер, гледано како индивидуалец. Последниве две сезони глава не може да крене од повреди, дали има пет утакмици вкупно одиграно, па не знам колку може да се врати на она негово препознатливо ниво. Како "улога" во екипата/ростерот би дошол добро, со оглед на тоа што според мене фали играч како него кој може да одигра како среден, но и како лев бек. Нешто што Кара го правеше навистина добро. Но, дури и да се донесе таков, пак ќе фали уште еден класичен среден бек - разигрувач во ростерот, а нема премногу достапни квалитетни играчи на таа позиција во моментов. Има еден Русин кој што играше во Унгарија во Балатон - Јури Семенов. Дечково е Игор Карачиќ за сиромашни. Активно го следев последниве три сезони и стилот на игра исклучително многу потсеќа на тој на Кара, но нормално "плафонот" не му е толку висок. Ќе игра за Кокс наредна сезона, Финцине кои играа ЛШ за прв пат оваа сезона.

Околу Калараш... Јас лично би сакал да остане во тимот, навистина има голем придонес во одбрана. Е сега, претпоставувам дека управата бара играч кој може да даде повеќе придонес и во двата правци, па затоа и сеуште му немаат понудено договор. Макар што Калараш играше супер и во напад додека играше за Запорожје, па можеби ако добива поголема минутажа во напад би можел да се врати на тоа ниво, не знам.

Ќе видиме, се додека не дојдеме до информации околу финансиските можности на клубот, можеме само да нагаѓаме за трансфери.
 
Последно уредено:
Житников се запали против нас во Сегед, ама вака колку што гледав, немаше некоја минутажа низ сезонава.

Инаку, Гумберсбах испадна од Бундес лигата. Така што сега Ивиќ може ќе биде слободен за трансфер. Јас и него не го сакам во Вардар. Но, имам некое чувство дека на овој Гедбан, нема да му го продолжат договорот. Он имаше 1+1 договор.

Реално Ивич тапа беше во Киелце,имаше и доста повреди,откако стана втор голман не памтам добар натпревар да имал,сезонава влегуваше од клупа ама ништо не направи,буквално што ќе му шутнеа тоа ќе влезеше.
Додека беше во Заграб беше топ голман,му предвидуваа блескава кариера и се тоа ама...Незнам колку е паметно да тргнат по таков голман.

Мислам дека Портнер би бил подобра опција.

Туку кога сме кај Гуменсбах,оној десниот бек Мартинович може да биде огин играч,кога играа со РНЛ 13 гола даде,го гледав и на младински првенства се работи за стварно добар играч.
Би можел да се собере и онака Киселев си оди,а Криштопанс само уште една сезона ќе игра овде.:)
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom