Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дисингер во фрижидер има повеќе Скопско отколку рандом склад на пивараЗа Дисингер се знае дали ќе останува наредна сезона?
Барабиве направија прав Балканец од него, фали уште да пече јагне за Велигден.
Мислам дека Диско,уште не се отрезнил!Дисингер во фрижидер има повеќе Скопско отколку рандом склад на пивара![]()
Ситуацијата се менува секој ден, не се знае што ќе биде за една недела, не пак дека Скубе сигурно ќе си одел другата година. Којзнае кога има правено тој муабет со Скубе, можеби е во ек на кризата. Ако клубот продолжи да функционира на исто ниво, плус ако го донесат Зорман за тренер, Скубе не мрда никаде следниве години. Но, тука има големо АКО.Многу словенечки медиуми ја пренесоа веста за Зорман. И мене не ми е по кејф, ама се надевам како тренер нема да биде таков шлајм.
Интерсно инфо што го добив од Благотиншек. Скубе сигурно си оди следната година. Криштопанс и уште еден француски бек од ПСЖ, не знам точно кој, биле договорени со Веспрем и се предомислиле во последен момент. Кристопанс за 2000 евра повеќе прифатил да оди во Париз. Ако лаже Блаж, лажам и јас. За Зорман ќе треба да го прашам кога ќе имам можност.
Низ нетов налетав негде на инфо дека Игор Аниќ бил потенцијална опција за Вардар? Верувам дека натписиве се по јавувањето на гледач во една емисија во која кажа дека таткото (Жељко) на овој Аниќ, најавува дека има интерес на словенечки компании да инвестираат во Вардар, и дека он сака и неговиот син да настапува за Вардар. Притоа типов кажа дека Давор бил запознаен за сето тоа. Аниќ верубам го знаете има играно во Германија ( Кил, Гумерсбах), Франција-(Монпелје, Нант) а беше дел и од репрезентацијата на Франција. Ваше мислење за овој потенцијален транфер?
Toa ti se vikaБудали сте сите ако мислите дека Град Скопје, Агенција за млади и спорт или било кој друг се гордее со Вардар. Се "гордеаат" затоа што видоа маса на луѓе па собираат поенчиња, да им ебам се по список.
И јас го прочитав ова.
Исто, наводно Урош Зорман го одбил Вардар. И дека Филип Ивиќ е повторно во игра за голманската позиција ако Гумерсбах испадне од бундес, што е можно, мислам дека има 3 кола до крај. А, Кокшаров спомна нешто за 4 годишен план за поддршка, нешто муабет со власти, така што ок ќе било сега. Не знам дали онака си збори и он, најверојатно има нешто.
Од форуми за ракомет.Извор за ова дека Зорман го одбил Вардар? И ова за Ивиќ?
Од форуми за ракомет.
Тоа за Зорман беше на германски форум. Дека ќе си го обработел 2022 со Киелце и сакал да учи уште од Душебаев. Делуваше како да дал некаде изјава, не знам. А имаше на словенски сајт изјава од Вујович, кој го советува Зорман да не оди во Вардар, зошто преголем предизвик е тоа за дебитантски тренер. Со оглед дека ќе се менува драстично екипата во следната сезона, а и притисокот ќе биде голем за нов успех. Така што, он го советува да не оди. Иако овие работи очигледно не му сметаа на Парондо.
А за Ивиќ, на хрватски форум прочитав. Гумерсбах се трети од назад со ист број бодови како претпоследниот, на ЕДНО коло од крај. Они играат со претпоследниот во гости и во директен дуел се одлучува кој останува во Бундес. Последните две екипи испаѓаат, па доколку тоа се случело за Гумерсбах, изгледа договорот не му важи на Ивиќ. Па ќе бил слободен да преговара со Вардар.