Религиозно vs Научно толкување

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Можеби и не е толку едноставно како што мислиш ако земеме во предвид дека секој ден, скоро секој човек го употребува зборот Бог, боже, дај боже, да не даде бог, жити бога:pipi::)
Секојдневна употреба на зборот а не знаеме ништо за тој збор, тогаш зошто го применуваме, особено кога ни е најтешко, нели, го молиме Бога да ни даде помош:confused:
Ако им е полесно нека се молат, додека функционира е ОК. Додуше религиите има глупави дефиниции и верувања за Бог. Најголем дел од религиските верувања за Бог се или апсурдни или приглупи...Теологија не ми се допаѓа генерално.[DOUBLEPOST=1559565350][/DOUBLEPOST]
Бог ја знае иднината детаљано, во облик од сите можни настани и комбинации, од кои некој ќе се случи така како што ќе се случи, онака како што Бог веќе го „видел„ тој настан.

Можното или неможното случување на некој настан е начин на кој Бог остава можност за избор, а не за неможност за избор и со тоа, слободната волја човекова не е нарушена и не е спречена, во случајов, од Божјото провидение.

Бог не врши насилие на она кое веќе му го дал на човекот, а тоа е слободноволноста.[DOUBLEPOST=1559558755][/DOUBLEPOST]

Зборувај за себе....Другите може веќе знаат.
За себе зборам, за мене семоќниот, сеприсутно и сезнајност се невозможни и апсурдни концепти. Ај што немаат логика, доволно е само да се свртиш окулу себе и да видиш колку нема везе тоа со светот окулу тебе.[DOUBLEPOST=1559565513][/DOUBLEPOST]
Не велам дека треба да се доведе во прашање слободната воља. Велам дека е нелогично доколку постои слободна воља секој исход и сечија судбина да биде однапред позната.

Според ова што го појаснуваш излегува дека Бог ги знае сите можни комбинации но не и што точно ќе се оствари.
Фина филозовски дебата...ама што значи тоа за секојдневниот живот. Најверојатно ништо.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За себе зборам, за мене семоќниот, сеприсутно и сезнајност се невозможни и апсурдни концепти. Ај што немаат логика, доволно е само да се свртиш окулу себе и да видиш колку нема везе тоа со светот окулу тебе.
Од друга страна, доволно е да се свртиш околу себе и да извлечеш два можни заклучоци:
- дека се‘ околу тебе е створено и,
- дека се‘ околу тебе настанало самото од себе.

Ова второво е ептен „логично„...[DOUBLEPOST=1559566596][/DOUBLEPOST]
Не велам дека треба да се доведе во прашање слободната воља. Велам дека е нелогично доколку постои слободна воља секој исход и сечија судбина да биде однапред позната.
.
Секој исход за Бога е однапред познат како потенцијална можност, а не како екзактна и неизбежна предодреденост.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Од друга страна, доволно е да се свртиш околу себе и да извлечеш два можни заклучоци:
- дека се‘ околу тебе е створено и
- дека се‘ околу тебе настанало самото од себе.

Ова второво е ептен „логично„...
Знам дека се окулу мене води потекло од пред 14-15.000.000.000 години...што било тогаш од тоа што е денес многу малку е битно. Сосема поинаков свет било тогаш...На пример гледам мобилен на кој пишувам, знам дека е кинески тоа е неизмерно побитно од тоа пред 15.000.000.000 години сега за мене.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Според ова што го појаснуваш излегува дека Бог ги знае сите можни комбинации но не и што точно ќе се оствари.
Со знаењето за сите можни комбинации, автоматски е познат секој можен исход, кој ќе се случи само на еден начин, а не на многу начини истовремено.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Со знаењето за сите можни комбинации, автоматски е познат секок можен исход, кој ќе се случи само на еден начин, а не на многу начини истовремено.
Хммм може и не е така има шанса да има паралелни универзуми каде се што може да се случи се случува...не се знае дека баш и не е така.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Знам дека се окулу мене води потекло од пред 14-15.000.000.000 години...што било тогаш од тоа што е денес многу малку е битно. Сосема поинаков свет било тогаш...На пример гледам мобилен на кој пишувам, знам дека е кинески тоа е неизмерно побитно од тоа пред 15.000.000.000 години сега за мене.
Знаеш шипки...

Тоа што некој ти дошепнал дека Светов е стар 15 милј. години е податок кој е тековно „важечки„.

Пред 150 г. важеше заблудата дека Земјава е стара 80 мил. години, а во меѓувреме, Земјава остаре на неверојатни и неизброиви 4,6милј. години.

Толку од твоево знаење...
 
Може ќе испадне дека имало и други универзуми од пред 15.000.000.000 и за тоа има можност...ќе видиме што ќе се открие.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Знам дека се окулу мене води потекло од пред 14-15.000.000.000 години...што било тогаш од тоа што е денес многу малку е битно. Сосема поинаков свет било тогаш...На пример гледам мобилен на кој пишувам, знам дека е кинески тоа е неизмерно побитно од тоа пред 15.000.000.000 години сега за мене.

Ете ти совршенство, самиот го спомнуваш без да ти текне, значи Бог створил човек толку совршен што има способност секогаш да се развива, усовршува, менува, да произведува итн;)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Ете ти совршенство, самиот го спомнуваш без да ти текне, значи Бог створил човек толку совршен што има способност секогаш да се развива, усовршува, менува, да произведува итн;)
Го споменувам совршенството, како нешто незамисливо, неразбирливо во смисла на непостоечки. Јас сум ни приближно до совршен. Се кај мене е несовршено т.е. на се може да се најде мана. Твојов дискурс е дека или човек има тенденција да стане совршен т.е. бог или дека тоа е негова желба или фантазија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Од друга страна, доволно е да се свртиш околу себе и да извлечеш два можни заклучоци:
- дека се‘ околу тебе е створено и,
- дека се‘ околу тебе настанало самото од себе.

Ова второво е ептен „логично„...[DOUBLEPOST=1559566596][/DOUBLEPOST]

Секој исход за Бога е однапред познат како потенцијална можност, а не како екзактна и неизбежна предодреденост.
Значи луѓето се богови според овој исказ?
И луѓето можат да ги предвидат исходите како потенцијална можност, веројатност, комбинаторика, графови и тн веќе се занимаваат со ова, дали тоа ги прави богови?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210

3. Не знаеме како настанало
4. Не знаеме дали настанало
5. Ако сеуште не знаеме немора да значи дека твојот бог го создал
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Секој исход за Бога е однапред познат како потенцијална можност, а не како екзактна и неизбежна предодреденост.

Со знаењето за сите можни комбинации, автоматски е познат секој можен исход, кој ќе се случи само на еден начин, а не на многу начини истовремено.
Ова ми личи како да тврдиш дека поради тоа што еден лото играч може да ги наведе сите можни комбинации со самото тоа може да ја предвиди добитната комбинација.

Добро, еве конкретен пример - Исус знаел дека ќе биде предаден од Јуда. Знаел дури и дека ќе го макне лепчето истовремено со него...Има ли Јуда слободна воља, можел ли да не го направи тоа што го направил, се работи ли само за потенцијална можност или за сигурност?

Примерот со Петар - Исус знаел дека три пати ќе се одрече од него пред да запее петел. Има ли Петар слободна воља и во што се состои таа. Зошто не можел во последен момент да се премисли и да испадне поинаку од предвиденото.

Генерално, според Библијата, мисијата на Исус е целосно однапред предвидена и со познат исход. Што е со слободната воља на сите оние што учествувале во таа мисија?

И, да не разбереш погрешно - не ја негирам ниту слободната воља ниту Божјото сезнаење. Само ме интересира како се објаснува нивната коегзистенција.[DOUBLEPOST=1559638511][/DOUBLEPOST]
Фина филозовски дебата...ама што значи тоа за секојдневниот живот. Најверојатно ништо.
Немам филозофски амбиции. Само желба, одвреме-навреме, за обичен аргументиран разговор за некои теми.
 
Ништо лошо во тоа, поентата во контекстот ми е што е битно дали Јуда или Дуда го издал Исус. Се работи за расказ на настани за кои нема потврда дека се случиле така. Библијата не е историја. Добра стара приказна.
За слободната воља, ако сите имаат слободна воља и делуваат со неа а најголем дел од работите во општеството се случуваат поради нечија слободна воља а од друга страна луѓе се молат да се сменат настаните во општеството на Бог, а Бог не влијае на човековата слободна воља може да се заклучи дека најчесто молитвите се залудни.
За молитвата, ако Бог е сезнаен доволно е да се помисли на нешто и Бог го знае тоа, тогаш се поставува прашањето Чуму молитва.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи луѓето се богови според овој исказ?
И луѓето можат да ги предвидат исходите како потенцијална можност, веројатност, комбинаторика, графови и тн веќе се занимаваат со ова, дали тоа ги прави богови?
Не-луѓето се богови според твојот исказ, не според мојот.

Луѓето се смртни, така да по автоматизам не се богови, а тоа што можат да планираат одредени активности, не значи и дека можат да ги предвидат, а уште помалку и да ги исполнат, па затоа планирањето секогаш трпи „попатни корекции„, како последица од човековата неспособност за точно и неменливо планирање на идните настани.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Не-луѓето се богови според твојот исказ, не според мојот.

Луѓето се смртни, така да по автоматизам не се богови, а тоа што можат да планираат одредени активности, не значи и дека можат да ги предвидат, а уште помалку и да ги исполнат, па затоа планирањето секогаш трпи „попатни корекции„, како последица од човековата неспособност за точно и неменливо планирање на идните настани.
Па ти викаш дека и госпо не ги предвидува, ги знае можните исходи ама не влијае на волјата и кој исход ќе биде обран, значи пак не знае 100% се, што го сведува на ниво на човек, оди види какви се системите во казината каде што е применето напредно ниво на веројатности и комбинаторики, иста е приказната, ги знаат сите исходи, дури има и процентуално кој ќе биде избран во однос на патернот кој го прави секој после неколку игри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom