Зависност од социјални мрежи (Инстаграм)

Член од
1 јуни 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Темата е формирана за да се истражи јавното мислење на луѓето кои поминуваат голем дел од денот на социјалните мрежи. Дали сметаат дека се зависни од социјалните мрежи и дали би се потрудиле да го намалат времето кое го поминуваат на Интернет. Во прилог се пет чекори кои можат да ви помогнат

Чекор 1: Извадете апликација преку која ќе го следите користењето на вашиот мобилен телефон.

Можете да си дадете и ограничување колку пати на час или дневно ќе го проверувате мобилниот. Пример за една ваква апликација е Checky.

Чекор 2: Направете план за користење на вашиот мобилен телефон

Поставете одредено време кога нема да ко користите телефонот, пр. кога сте на училиште. Напишете си свои цели и планови и реализирајте ги


Чекор 3: Концепт на позитивно самозасилување

Доколку ги испочитувате предходно поставените правила во врска со време поминато на мобилен телефон, наградете се самите. Пр. доколку една недела ги почитувате правилата, уплатете си масажа и релакцирајте се.

Чекор 4: Променете ги поставувањата на мобилниот

Исклучете го добивањето на нотификации од Инстаграм, Фејсбук и сл. така да нема да бидете известувани секогаш кога ќе се случи нешто.

Чекор 5: Одете почесто на излети во природа

Одете на излет или на некое пешачење во природата без да го користите телефонот. Не дозволувајте целта да ви биде да направите колку повеќе слики или клипови за да објавите. Не го вадете телефонот доколку не е нешто битно.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
А кога ќе одам во тоалет тогаш можам телефонот да го земам со мене или ќе морам весник за да намалам зависноста?
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.929
Поени од реакции
6.094
А кога ќе одам во тоалет тогаш можам телефонот да го земам со мене или ќе морам весник за да намалам зависноста?
Ke citas deklaracii na samponi.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Темата е формирана за да се истражи јавното мислење на луѓето кои поминуваат голем дел од денот на социјалните мрежи. Дали сметаат дека се зависни од социјалните мрежи и дали би се потрудиле да го намалат времето кое го поминуваат на Интернет. Во прилог се пет чекори кои можат да ви помогнат

Чекор 1: Извадете апликација преку која ќе го следите користењето на вашиот мобилен телефон.

Можете да си дадете и ограничување колку пати на час или дневно ќе го проверувате мобилниот. Пример за една ваква апликација е Checky.

Чекор 2: Направете план за користење на вашиот мобилен телефон

Поставете одредено време кога нема да ко користите телефонот, пр. кога сте на училиште. Напишете си свои цели и планови и реализирајте ги


Чекор 3: Концепт на позитивно самозасилување

Доколку ги испочитувате предходно поставените правила во врска со време поминато на мобилен телефон, наградете се самите. Пр. доколку една недела ги почитувате правилата, уплатете си масажа и релакцирајте се.

Чекор 4: Променете ги поставувањата на мобилниот

Исклучете го добивањето на нотификации од Инстаграм, Фејсбук и сл. така да нема да бидете известувани секогаш кога ќе се случи нешто.

Чекор 5: Одете почесто на излети во природа

Одете на излет или на некое пешачење во природата без да го користите телефонот. Не дозволувајте целта да ви биде да направите колку повеќе слики или клипови за да објавите. Не го вадете телефонот доколку не е нешто битно.

Убава тема, но како што секој зависник не признава за својата болест, така и ние овде нејќеме да дискутираме и да си ја признаеме својата слабост, нашето 24 часовно присуство на соц.мрежи иако знаеме дека оваа зависност веќе е ставена на листата на болести, мислам дека беше седма по ред после зависноста од коцкање.

Што да кажам за мене освен да признаам дека во неколку наврати се обидов да направам детоксикација од интернетов, но апстиненцијата кратко траеше.

Ова е лудило, жал ми е само за дечињата кои се претворија во мали зомбија кои не го тргаат погледот од екранот, не регистрираат што се случува околу нив:(
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
........VCERA NAPISAV NESTO ZA OVA...................................................
D..... imaat li sega lugevo covecko obrazovanie i covecka kultura...citaj
Образуван сум после периодот кога DRUGARSTVOTO i KULTURATA било основано заедно со новата држава. Во тоа DRUGARSTVO I KULTURA немаше симулирања, лицемерие, издајства, измами, подметнувања. Не. За DRUGARSTVOTO I KULTURA немаше предмет во училиштата, затоа што се предаваше секојдневно во домовите, на улиците, на корзата, на големите и мали одмори во училиштата, во меаните и рестораните, во кината и театрите, на макадамите и калдрмите, во ковачниците и берберниците, на работните акции, на пругите и автопатиштата, во тунелите. Секаде. Децата, родителите, соседите, учителите, милицајците, лекарите, браварите, пекарите и таканатаму, секој на ист начин како по зацртан терк од шнитовите на Бурда, преку своите однесувања едни кон други, кон општеството, го предаваа тој “предмет“ кај помладите, а овие, го наследуваа и така продлжуваа да се однесуваат..,
A kako e denes
Не знам колку младите генерации ќе попримат од оноа однесувањеI KULTURA што исчезнува и се повеќе наликува на тивко шепотење, без моќ на советите, затоа што тие стануваат понезначајни и понеинтересни пред налетот на интернетот, и милијардите информации, игри и забави, кои се обезбедени преку нив, и ги окупираат, ги роботизираат, ги заробуваат и во секоја смисла на зборот ги “киборгизираат“...

Овие воспитувачи произведуваат виртуелни пријателства, познанства, без - “добро утро комшија“, “здраво школски“, а најблиските роднини стануваат далечни занесувајќи се во лажната блискост кога ќе се сретнат на “Скајп“. Никој никому не може да му ја почувствува топлината, допирот на дланките, искреноста и среќата во насмевката, тагата во насолзените очи...

Секој ги брои лајковите од познатите и непознатите, ретко кој со кого лично се познава. Таков е денешниот живот.

„Додека штурниците ја расипуваа тишината, јас го загледувавав чистачот на патеката во паркот, по која други ќе шетаат и размислувава: дали еднаш во светов ќе дојде до еднаквост? Сето тоа ми изгледаше прекрасно, но толку далеку како ѕвездите во бескрајот на вселената“.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Чекор 1: Извадете апликација преку која ќе го следите користењето на вашиот мобилен телефон.
Чекор 2: Направете план за користење на вашиот мобилен телефон
Чекор 3: Концепт на позитивно самозасилување
Чекор 4: Променете ги поставувањата на мобилниот
Чекор 5: Одете почесто на излети во природа
Јас само два чекора направив:
1. Се одлогирав од инста
2. После некое време delete- нав профилот и uninstall.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom