Искрено чекав да помине и купот па да напишам збор два на темава.
Прво на едно прашање по мене смешно , колку сум години, не е важно колку години имам , а второ и самото мое образование како дипломиран економист ми се доволни да не верувам во разни приказни за наместени натпревари, кога некој има шанси да игра Европа и да заработи тешки пари или да помогне на клуб кој догодина би му бил главен конкурент за тоа место во Европа и притоа да го испадне во понизок ранг, без притоа да оствари никаков профит, сепак во модерниот фудбал парите го имаат главниот збор, па дури во лига како нашава.
Сега за купот, ако вие познававте барем еден човек од клубот Академија Пандев ќе знаевте дека тие ни под разно немаше да ја пропуштат шансата да освојат титула, во тие бајки не знам како може да веруваат луѓе кои имаат и години (како би рекле вие) но и голем стаж на пратење на мак-фудбалот.
Друго ништо не се менува за ноќ, посебно не во првенства како нашето, Беласица имаше финансии и се обиде со тие два клуба кои имаше блиски контакти да спаси нешто за кое веќе немаше спас.
Во Македoнија сите се експерти за теории на заговор, па поради тоа што Беласица е клуб од градот од каде што доаѓаат најважните функционери во државата, си измислија сочна приказна како ќе се спасува со местенки, па ги фатило грижа на совест и разни глупости на квадрат, овие име на држава сменија, сериозно мислите ако сакат и беа вклучени немаше Беласица да се спаси, не само што ќе се спасеше туку ќе беше и 4та и ќе играше Европа, но на тие луѓе нити имат интeрес а уште помалце време да се замараат со фудбал и да си го трошат времето за глупости.
За фузијата, тоа е проект кој постои уште од времето кога беше Хоризонт Турново во прва лига за правење на еден супер клуб од Струмица кој би се борел за титула и влез во групна фаза ЛЕ, во кој би се вклучил и градот и многу локални бизнисмени кои во моментот не инвестираат во ниту еден од трите клуба во градот.
Фузија ако воопшто пратите европски фудбал не е можна од едноставна причина, на нови клубови (а фузиран клуб е нов) немаат право да играат во Европа две сезони од денот на формирање, што значи таква Беласица би немала право да игра вклучувајќи го и ова лето три години во Европа, од самото мое образование ќе кажам, никој не е луд да изгуби стотици илјади евра за да спасува име на клуб кој е сакан во градот, бизнисот денес е многу над некакви сентименталности и емоции.
Единственото реално сценарио е правно да се направи Беласица да ја превземе Академија Пандев како своја младинска школа да исчека Академија да изигра Европа а Беласица да започне како клуб во првенството во прва лига, но нити верувам дека ќе дојде до тоа, а уште помалку сум запознат дали тоа е правно изводливо и прифатливо од УЕФА.
Од сите клубови во лигата, единствен кој изигра во полза на Беласица беше ФК Македонија Ѓорче Петров, поголемиот дел од клубовите од лигата сакаа и работеа Беласица да отпадне.
За гордеење, нема што да се гордеам, мојот клуб си испадна во втора лига, се обиде со два наместени натпревари да се спаси, но на другата страна имаа противник кој намести пет , нема љутиш во тоа, кога се нафаќаш и почнуваш да играш игра во која некој царува со децении, нема после право на љутиш.
Дечкиве кои ја пратат страницава на Беласица, многу добро можеа да видат каква реакција имаше од луѓето кои го сакат и бодрат клубот по тие натпревари (кои беа избришани од страната), за разлика од многу други клубови во минатото при кои на исти вакви работи, навивачите или им молчеа или дури ги поздравуваа и поддржуваа целосно управите во тоа.
За крај, никој не може од друг град да знае повеќе од мене што се случува во Беласица, мене овој клуб ми е во крвта, татко ми го бодрел по Југославија дома-гости, јас исто во Македонија од прва лига па во трета лига сум шлапал по кал до колена, разни ниви, сум гонел кокошки по терени за да играт, па да не знам за натпревар кога го наместиле, а кога изиграле чесно и регуларно.