Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Старата беше многу полоша комисија, мене горан со камион со приколка на времето ме возеше 45 минути за на крај да ме однесе на судска палата и битпазар. Таа сузе грицкаше семки и пљукаше на шофершајбна и цело време јадеа гомна. На крај се скаравме за да ми речат врати не од кај што не зема и не сакаа да даваат понатамошни инструкции ама им реков дека се на испит и дека законски мора да даваат инструкции и дека после ова ќе одам да поднесам приговор за тоа што ме тераа да полагам на улици каде што има забрана за шлепери, дека пушеа цигари и дека разговараа со тенденција да ме бутнат и дека ќе барам во приговорот главен доказ да биде видео снимката. Кога стигнавме ми рекоа да излезам од камионот, го викнаа инструкторот и отидоа од спроти. Излезе инструкторот, ми ја даде возачката и ми рече честитки си положил, бегај овие не сакаат да те видат. За кур ми се да ги гледам и јас, тие беа најголемите гадови од старата комисија и баш ми е ќејф што ги шутнаа.
Каква стока, грицкала семки и плукла. Еј па женско.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Некој да ми каже како се одвиваат предавањата, колку дена и како се полага т.е шо спаѓа во полагањето за Прва Помош - Црвен Крст, ако има некој од Прилеп шо полагал и тој нека кажи оти за 1-2 недели полагам.
 
2 дена се оди, 1 ден имаш предавање и ти даваат книга за да учиш, другиот ден уште едно предавање па правиш тест. Прочитај ја книгата еднаш два пати (многу е мала) доста едноставни прашања има на тестот лесно е премногу без гајле биди, само оди и слушај што кажуваат мали се шансите да падниш.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
 
А дали се полага практичен дел (преврски, дишење и сл)? И дали истото се вежба ко ќе се држат предавањата или само теорија држат?
 
А дали се полага практичен дел (преврски, дишење и сл)? И дали истото се вежба ко ќе се држат предавањата или само теорија држат?
Само како вежби се тоа не се оценува ама пошто се снима мора сите да поминат и да згрешиш не е страшно одиш за да научиш.
Масажа на срце има плус вештачко дишење и еден захват не ми текнува во моментов.

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
 
Советов ти звучеше ко оние на утринска емисија од АМСМ кога се јавуваат: прилсгодување на брзината...почитување на поставената патна сигнализација...и внимателно возење.
Скопје е гужва и турбо се вози типично што се големи паничари и драматични македонците. Мене најтапа за возење ми биле велес на пример. Похаотичен град немам видено. Стража према гостивар е исто едно од оние места кај што стварно не ти се поминува. Посебно со семафорите кога почнаа да го градат,е тоа хаос беше. Очи 24 отворени. А скопје дека свиреле, еби им мајката.

п.с. Чаир бе..чаир и натака...е тоа може и филм да се направи "Редот на хаосот".

Како сака нека звучи пријателе, ептен лоши возачи има низ државава. Премногу му верувате на возилото. Секој ден има сообраќајки, повеќе загинати има на патиштава отколку во Сирија.

Позз
 
На двете возачки што го имам сум сликан без наочари, а во меѓувреме одреден период мора да носам кога возам, па ме интересира и за македонската дали треба да ја менувам и да се сликам со наочари?
 
На двете возачки што го имам сум сликан без наочари, а во меѓувреме одреден период мора да носам кога возам, па ме интересира и за македонската дали треба да ја менувам и да се сликам со наочари?

Ако тие препишано од доктор и мора да носиш наочари, мора да се сликаш со нив исто важи и за леќи. Сите препишани помагала мора да се сликаат на возачката. Ако те запри полиција а ти носиш наочари а не си сликан дека носиш наочари на возачката имаат право да те казнат, затоа што ти одиш против законот.
 
Не е точно дека е казниво тоа што носиш наочари а на возачката си сликан без наочари.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Не е точно дека е казниво тоа што носиш наочари а на возачката си сликан без наочари.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Казниво е. Баш пред некое време праевме за тоа со деверот оти тој е водич во сообраќања полиција.
 
Казниво е. Баш пред некое време праевме за тоа со деверот оти тој е водич во сообраќања полиција.
Не сум баш сигурен дека е казниво. Можам да носам наочари против сонце, против УВ зрачење... Сообраќаецот не е стручен за да ги разликува дали се вакви или се диоптерски.
Впрочем треба да се види што пишува во законот. Сум имал прилика во живо да видам дека сообраќаецот погрешно ги толкува прописите (од ракав).
 
Еве пример има луѓе кои што носат и леќи повеќето од времето, а понекогаш наочари. Која логика е да те казнат ако носиш леќи во моментот а си се сликал со наочари
 
Казниво е. Баш пред некое време праевме за тоа со деверот оти тој е водич во сообраќања полиција.
Не е казниво, пофесионален возач сум на возачка сум без наочари возам со наочари веќе 10 години

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Казниво е. Баш пред некое време праевме за тоа со деверот оти тој е водич во сообраќања полиција.
Е шо ако оќорам после година и пол откоа сум ја извадил возачката, ќе треба нова да вадам за со наочари?
 
Е шо ако оќорам после година и пол откоа сум ја извадил возачката, ќе треба нова да вадам за со наочари?

Во таков случај незнам. Али ко че го вадиш лекарското или ја продолжуваш ако ти препиши докторот наочари за целосна употреба мора да се сликаш со нив оти тие се рачунаат како помагала.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom