.Здраво дечки. На 28 април имав симптоми на настинка и ми течеше носот и осеќав на плуќа суво кашлање. Бев на докотр и ми кажа дека имам воспаление на дишните патишта и ми пропиша амоксиклав ( при што прегледот беше краток на брзинка слушање со тоа апаратчето за слушање),при што цело време и глава ме болеше тоа време. Го испив амоксиклавот плуќата и носот ми се среди, но главоболката не ми помина дури се влоши. Во петокот бев кај инфектолог и за главата ми правеше некој вежби со виткање на нозете и главата и све океј испадна, ми ја слушна плуќата и рече дека све си е океј нема никакво воспалени, проверив крв и резултатте ми рече дека се океј. За главоболката ми спомна дека наводно е од синусите и настинката,можеби и честата промена на времево, при што не верувам дека е тоа некако пошто при настинка никад до сега не сум имал главоболка а и воопшто во животот не ме болело глава. Загрижувачки ми е што главоболката е доста силна ( може да се каже дека ме спречува да функционирам во текот на денот )и се манифестира на повеќе начини во предениот дел на челото и со благо гадење од време на време и позади кај темето ме притиска прилично јако кога не ме боли напред. Една друга работа што ми ја спомна дека можно ми е од видот, при што имам диоптер - 1.25 а наочарите ги носам прилично ретко и само кога сум пред компјутер.Ке одам деновиве да го испитам диптерот да не се сменил и да видам да не имам некој очен притисиок или проблемот да не од очите. Е сега прашањето ми дали навистина е можно од настинката и синусите да ме боли толку време глава, и дали имате идеја кој тестови и проверки или на каков доктор да отидам за да барам чаре.
Друго нешто што се сомневам но не верувам дека е од тоа пошто никој друг немал некакви проблеми од оваа, е што отприлика месец дена работев во една фабрика, во производството се користи хемија или метали но не сум имал директен контак со таквите места ( при што не сум мн сигурен во ова пошто како што кажав никој друг немал симптоми а се со години таму ) иссто така на местото имаше и прилично голема бучава, а можно и прашина да имало но има вентилации и клима, незнам сега дали од ова може глаовоболки да се појават.
Велиш:
28 април имав
1...симптоми на настинка и ми течеше носот и осеќав на плуќа суво кашлање при што цело време и глава ме болеше тоа време.
....но главоболката не ми помина дури се влоши!
2....главоболката е доста силна....
се манифестира на повеќе начини во предениот дел на челото и со благо гадење од време на време и позади кај темето ме притиска прилично јако кога не ме боли напред!
3....работев во една фабрика, се произведува катализатори при што валјда за нив се користи некоја хемија или метали !
...имаме три опции накај каде да идеме што би можело да биде твој проблем!
ПРВА опција:
Кога чувствуваме дека синусите се воспалени?...воспалението на синусите е проследено со општи симптоми: зголемена телесна температура, утрински главоболки, намалена енергија, намалена концентрација, како и болка над самите синуси, потешкотии со дишењето на нос, секреција од носот и слевање на секрет во грлото со кашлица и искашлување, намалено чувство за мирис, а поретко и крварење од носот,
За побрзо и поточно дијагностицирање на синусното воспаление ни помагаат добро земените податоци за почетокот и за текот на воспалението и симптомите, палпација, како и извршениот локален преглед, надополнети со
микробиолошки и со радиографски иследувања или со извршена синусоскопија како најдобар избор!
Синусоскопијата преставува интервенција со која со помош на ендоскопи добиваме целосна прегледност на синусната шуплина со можност за земање брис од самата шуплина, материјал за испитување на лигавицата, а секако и внес на синус катетер низ кој секојдневно се врши испирање на синусот и внес на лекови за побрзо заздравување
- така да кажеме дека ИМАШ ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИ треба ОД ОВИЕ ТРИ РАБОТИ барем едното да се направи : микробилошки, Ренген или синусоскопија, а не напамет муабети!
...според мене предолг период скоро месец дена да би имал се уште воспаление на синуси, оти Да, синуси имаш, но истите не мора да се воспалени, бидејќи секоја главоболка не значи и воспаление на синусите - синузитис!
ВТОРА опција :
болка назад во тилот, е една од болка која се јавува кога се има покачен крвен притисок, прашање дали го имаш измерено неколку пати во текот на главоболките? доколку ти е нормален крвниот притисокот тогаш болката е поврзана со вратните пршлени и да докажеме дека имаш нешто со вратните пршлени ТРЕБА РЕНТГЕН на истите, а не тоа вртење со нозе, раце ! и тука веќе ако со РТГ докажеме промена ќе мора да се истегне вратото да се носи Шансова кравата...итн се оди кон физикална терапија!
ТРЕТА опција :
твоето екс работно место може нема врска со појавата, но може има врска со потенцирање на некоја тумурозна творевина која можеби ја имаш на челото т.е. кај синусите од раѓање и ТОА ИСТО ЌЕ ГО ДОКАЖЕМЕ со РТГ снимка!
од твоето објаснување не кажуваш дека берем некој те испратил на РТГ снимка, што незамисливо да се даде дијагноза од ракав ако се нема тоа што ти назначив!
според мене највероватно ти е ВТОРАТА опција... имаш проблеми со вратните пршлени, тоа што се поклопи со настинката е случајно, настинката помина ова се уште е проблем, затоа што положбата на твојот врат нејвероватно не е соодветен и доаѓа до такви реакции на главоболка напред а да боли и назад.... т.е. да имаш положба да не боли или многу силно да боли...
често пати вакво фиксирање на вратот главоболките поминуваат со Шансова кравата за 15 минути, зборуваме за болка чело- врат/ тил!