Увоз на половни возила

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Незнам оти не се разбираме...Значи има многу огласи од моделиве,мене ме интересираат давачките по пат,царина и слично...


Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
Батка од оглас тоа што гледаш во БГ до реалност е светлосни години разлика. Само таму на плац, нема да шеташ низ цела бг да гледаш од огласи. Очите отворени добро, поголемиот процент се продувани и со пола милион км, тоа што е асално и таму држи цена.
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Моментално сум во Германија околу 2 години,возам секојдневно доста голема киломотража и често среќавам Бугарски и Полски камиони со половни кршови. На истите камиони што носат половни коли да видите какви скшени коли носат нема ни да помислите да ги купите. Добрите коли со мали километражи и тука држат добра цена.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.672
Поени од реакции
42.243
Моментално сум во Германија околу 2 години,возам секојдневно доста голема киломотража и често среќавам Бугарски и Полски камиони со половни кршови. На истите камиони што носат половни коли да видите какви скшени коли носат нема ни да помислите да ги купите. Добрите коли со мали километражи и тука држат добра цена.
абе не мора да значи дека ако некоја е чукната дека е лоша кола. Можда имал удес типот се извиткала хауба, крило ово оно, се тоа се менува, и ако е добро направено нема гајле. Лошо е кола што е тоталка смачкана или скроз никако одржувана. Обично кога влагаш у таква кола се осеќа, нема нешто што не цвичи на неа.

Али едно нешто што ме нервира е што тука во европа нема закон што ги дели колите од преправани од одлична состојба, пример во америка имаш титл и на него пишува кога ја купуваш што е преправано и како е преправено, нешто што тука го нема и појма немаш што купуваш, обично тие коли идат 30% под вредноста на некоја што не е правена.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Имам видено и низ Македонија такви камиони. Доста удрени коли кои се увезени од странство видов пред станица за технички преглед, претпоставувам дека сите тие се за по плацовите. Состојбата надворешно удрени/изгребани, внатре лом изгледаа како да не се испрани со години...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Зависи која година ама минимум 2200-300 евра, на голф 6 2011 година, 1500евра давачки ме фатија
Е навистина претеруваат,ние да не имаме авто-индустрија па затоа имаме вакви високи давачки за увезена кола?!? Ние точаци не произведуваме а камоли коли,некој си нашол начин легално да го дере народов наш наивен македонски!
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
90
Поени од реакции
26
Здраво. Дали некој знае (немора точно) колку би чинело да се донесе Mercedes CLS 320 CDI (2006-2007) кој моментално Бугарија чини околу 7-8 илади евра.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Сакам да донесам неколку поефтини коли од Америка во Македонија.
Каква би била процедурата?
До каде во Европа да ги донесам најефтино/најдобро?
Дали да земам Американски модели на коли (Бемве, Мерцедес, Фолксваген, Ауси и тн...), што се Американски пазар?

Совети и мислења?
 
Член од
8 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Me interesira dali nekoj dosega ima uvezeno Volvo V50 1.8 2005 godina 12 mesec. Dali istata moze da se uvezi i kolku bi cinela carinata?
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Здраво.. сакам да донесам од германија, голф 6 1.4 (80кс), 2009 год. Ме интересира од прилика цената за царината.
 
Член од
17 јули 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво, гледам има доста луѓе запознаени со увоз и такво работи...

Сакам да увезам audi а4, 2014, 2.0TDI, 100kW/136hp, со attraction стандард опрема. Колата е 11600 бруто, а 9800 нето. Колку би била отприлика царината за неа?

На schwacke каталогот (и платив 8 евра за тоа) ми покажува 9600 евра вредност за таа кола со поминати 170.000км, а истата кола, до 5.000км, вредноста и е 13.400 евра.

Како и да е, мислам дека царината спрема тие акцизи и даноци, изнесува прилично малку за таа кола. Освен ако не сум грешка...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Нашите царинарници имаат една дебела книга-како каталог е и по неа се ориентираат кога ти маваат царина и давачки за увоз на возилото,мојата кола не ја ни погледнаа на плац во шпедиција кај нив кога беше,само на шалтер ме праша шо ниво на опрема има и нормално јас му реков најниско,основно(го излажав,нормално за да ми пиши помала царина)...Така да,за твоево возило поарно најди некоја врска или човек кој е вработен таму да погледне во нивниот каталог и да ти го каже точниот износ...Јас кога ја увезував мојата кола од Бугарија,математиката беше проста и отприлика одеше вака-Ако си ја купил колата од Бугарија на пр.3,500 евра-го делиш овој износ на 2 и добиваш 1700 евра и толку на крај ќе ти излезе колата сосе сите давачки(тука зборам и за регистрација и се)-5200 евра....Сега не знам како е и дали нешто е изменето,затоа ти велам,прашај си некој од царина или шпедиција ако имаш пријател или роднина таму
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Сакам да донесам неколку поефтини коли од Америка во Македонија.
Каква би била процедурата?
До каде во Европа да ги донесам најефтино/најдобро?
Дали да земам Американски модели на коли (Бемве, Мерцедес, Фолксваген, Ауси и тн...), што се Американски пазар?

Совети и мислења?
Ако наеш амерички мајстори и дилер на амерички делови. Моторите и деловите за амерички и европски пазар не се исти. Нов фолксваген од фабрика од Бразил не моеш да го регистрираш у Европа. Плус квалитетот на германските марки склопени во Америка изгледа доста лош у споредба со Европа па ти сеа види.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ако наеш амерички мајстори и дилер на амерички делови. Моторите и деловите за амерички и европски пазар не се исти. Нов фолксваген од фабрика од Бразил не моеш да го регистрираш у Европа. Плус квалитетот на германските марки склопени во Америка изгледа доста лош у споредба со Европа па ти сеа види.
Ова важи само за Германските возила или за сите Европски и Азијски коли што се прават за Американски пазар?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Ова важи само за Германските возила или за сите Европски и Азијски коли што се прават за Американски пазар?
Не се споредуваат колите за европски и колите за амерички пазар. Различни норми имаат, секоја кола од производителот е модифицирана зависност од пазарот и стандардите на тамошните органи. Ти моеш да увезеш,, не велам не ама после кај ќе наеш делови и мајстори за нив?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom