Мрежен маркетинг во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Енката
  • Време на започнување Време на започнување
Е

Енката

Гостин
За мрежен маркетинг слушнав од пред два-три месеци, едни мои школски се сликаат со некои сини знаменца "You should be here", демек ќе патуваш и ќе земаш пари (за оние што не знаат, се работи за WorldVentures/DreamTrips). Фирмата била во финансиски и менаџерски хаос, забранета во Норвешка, Кина и Руанда, а во Америка ги судат за 1.2 милијарди долари неисплатени пари на околу 250 000 членови. Барав на Централен регистар, гледам не се регистрирани овде. Во старт ми делуваше сомнително, ја знаете народната "Леб без мотика не бива". За нивните "тренинзи" си плаќаш. Земаат туристички понуди од други сајтови и ја дигаат цената, а за да видиш, мора прво да се зачлениш, или да врбуваш 5 души. Прогуглав и дојдов до откритие дека овој принцип бил сличен на пирамидна шема, ама оти имал " производ", се сметал за легален. Дојдов дури и до конфронтација со една млада девојка од WorldVentures, цел инстаграм со слики и хаштази кои директно те наведуваат да поверуваш, вели не треба да ти се правдам за нашата работа, а јас убаво барам информации. Еве гледам и друго вакви мафијашки фирми, најчесто од Америка се шират како тумор во Македонија и низ цел свет и ги влечат младите. Од каде овде вакви фирми, зошто УЈП, МВР и остали не ги гонат ваквите? Не ни треба уште еден ТАТ или Југоскандик. Дајте еден свој осврт на ваквите прикриени империјалистички будалаштини.
 
Данок на глупост имало, има и ќе има ...
Па и данок што не плаќаат не е толкав проблем од тоа што перат мозоци на навидум интелигентна младина. После да се замразиш со цел свет. Имало такви случаеви низ другите држави, заради МЛМ
 
Другар, кај нас веќе 2години се работи една шема со Onecoin и со JolyCoin па никој ништо не превзема. Вакви примери има миљарда, посебно у држави како нашиве.. Колку и да не изгледаме, многу сме лесни за лажење и летаме кога ќе чуеме некој ненормални суми. Убаво е некогаш да пробаш у нешто ново па и да изгориш (*малку) али овие сите се исти, без исав.. Гледаат душата да ти ја земат ако можат.
 
Network marketing или мрежен маркетинг на наше кога одиш на собиранки и забави вои кои што главна цел е да прошириш контакти и зголемиш продуктивност на тоа што го работиш. Преку тие дешавки си наоѓаш работа за тоа што го работиш.
 
Од такви собиранки на кои те навлечат т.н пријатели, фајда нема. Нека се навлачат у нивен bullshit самите, без други да бидат "топовско месо". Ја не знам шо мислат инволвираните во тие собиранки. Едно им кажуваа, а друго е вистина, а не ги зимаа презентациите with a pinch of salt, туку се лажат по лесни пари. Подобро на берза инвестирај, шанси за добивка барем има.
 
Зависи за кој тип на мрежен маркетинг се работи.
Во Македонијава наша напатена превари колку сакаш. Но ако се работи за нормален мрежен маркетинг кој самиот учиш како да произведеш нешто, па учиш некој друг на истата работа и на крај да научиш како се прават тимови кои ќе произведуваат а ти ќе заработуваш процент, тоа е нормален мрежен маркетинг. А не фрлање пари во магли и да најдеш уште будали што ќе фрлат пари во уште поголеми магли, облаци, криптовалути итн итн
 
во Македонијава наша напатена !, не само Македонијава наша напатена, кај сакаш да одиш мрежниот маркетинг е превара колку сакаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom