Е
Енката
Гостин
За мрежен маркетинг слушнав од пред два-три месеци, едни мои школски се сликаат со некои сини знаменца "You should be here", демек ќе патуваш и ќе земаш пари (за оние што не знаат, се работи за WorldVentures/DreamTrips). Фирмата била во финансиски и менаџерски хаос, забранета во Норвешка, Кина и Руанда, а во Америка ги судат за 1.2 милијарди долари неисплатени пари на околу 250 000 членови. Барав на Централен регистар, гледам не се регистрирани овде. Во старт ми делуваше сомнително, ја знаете народната "Леб без мотика не бива". За нивните "тренинзи" си плаќаш. Земаат туристички понуди од други сајтови и ја дигаат цената, а за да видиш, мора прво да се зачлениш, или да врбуваш 5 души. Прогуглав и дојдов до откритие дека овој принцип бил сличен на пирамидна шема, ама оти имал " производ", се сметал за легален. Дојдов дури и до конфронтација со една млада девојка од WorldVentures, цел инстаграм со слики и хаштази кои директно те наведуваат да поверуваш, вели не треба да ти се правдам за нашата работа, а јас убаво барам информации. Еве гледам и друго вакви мафијашки фирми, најчесто од Америка се шират како тумор во Македонија и низ цел свет и ги влечат младите. Од каде овде вакви фирми, зошто УЈП, МВР и остали не ги гонат ваквите? Не ни треба уште еден ТАТ или Југоскандик. Дајте еден свој осврт на ваквите прикриени империјалистички будалаштини.