Никако неможам да сватам ова со квадративе за греење/ладење на кој како ќе му текни така ги пишува, само клима да продаде.
Клима 18ка која e оптимизирана за греење, дава максимални 12.2kw, од кои скоро 10kw ги имаш на надворешна 2с, а повеќе од сигурно е дека на -20с ќе ги извади минимални 5.5kw, е баш таа јапонецот ја препорачува за 24 до 30м2 и тоа во Јапонија.

Кај нас едно мизерно 12-че со одвај 2.2kw na -10c се препорачува за 40м2, или 18ка за 60м2.
Незнам дали ние многу знаеме или јапончево што ги произведува климиве е ептен глуп???
Разликата јас ја гледам во тоа што јапончето не прави пресметка на 10степени надворешна, колку квадрати климата можи да згрее (ако е така тогаш оваа со максимални 12.2kw ќе ја препорача за 100м2) туку на -20/-25с дека во тие максимално препорачани 30м2, единствено што може студот е за к*р да ти се фати.
Кај нас изнапишале вредности од памет само да се трошат климите да си тераат бизнис, ти препорачуваат клима која само на надворешна 0с ќе ги згрее одвај тие квадратите што ќе ти ги кажат, кога ќе стегне студот ќе приклучиш додатни 3kw.
Тие м2 што ги пишуваат, само тие ги препорачуваат, верувам дека никој производител во ниту едно упатство или препорака да ги има напишано (освен некои од кинеските некои бош брендови).
Клима 12ка од 60000денари ја препорачуваат за 35м2, а 12ка од 30000денари ја препорачуваат пак за 35м2.