Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
Bo пресрет на годишнината на неговата прерана смрт (18 мај 2017), ја отворам темава посветена на Крис Корнел, лиричарот, поетот, музичарот кој го обележи мојот живот. Уште од првите тактови и кадри на Black Hole Sun, Burden In My Hand на Саундгарден се навлеков на невообичаените time signatures и хипнотичниот вокал на Корнел. Истражувајќи ја историјата на бендот наидов на невообичаени амалгами на doom metal со prog metal, нешто што ги пробиваше рамките на мрзеливо составената етикета "grunge", која ги опфаќаше сите бендови кои произлегоа од тлото на Сиетл кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години. Излегувајќи од неговиот матичен бенд, Корнел ќе се обиде да изгради соло кариера со албумот Euphoria mo(u)rning, кој ќе стане култен меѓу обожавателите на неговата музика. Подоцна ќе стане вокал на Audioslave, супергрупа која ќе доживее глобален успех, но која беше со скепса дочекана од страна на љубителите на неговото изворно дело. Колаборирајќи со други прерано изгубени таленти надвор од неговото музичко милје како Џеф Бакли, Корнел остави неизбришлив печат врз светската музичка мапа. Ова е тема за сите двајца фанови на Корнел на форумов и неговата музика која до ден-денешен ги тангира.
Последно уредено: