Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Дали е нормално при емоционален стрес, возбуда или страв притисокот да оди 180 или 185 со 85/ 90 долниот максимум, си пиев само диазепам од 2мг и одма се симна за 10 минути на 135 со 85 и после цел ден ми беше 110 со 70. 29 годишен сум и тие параметри ме уплашија искрено многу, доктор ме теши дека знае некогаш да биде таков при стрес или може промена на времето да влијае, дека немам постојано висок притисок или како го викат хипертензија па да имам сериозни последици но искрено би сакал од некој што е по здраство да ми каже реално дали е за секирање или не? Ова прв пат ми се случува апаратот да чита такви параметри
...најнормално,
стресни хормони кортизол и адреналин, нормално за кратко време се лачат повеќе за одбранбена улога на организмот при моменталниот стрес од било која природа, доаѓа до забразана работа на срцето, стеснување на крвните садови со покачување на крвниот притисок, ослободување на глукоза од депоата на јетра покачувајќи ја енергетската спремност на организмот при тој стрес, сето тоа се задржува извесен период и нормално треба да се повлече и цела состојба на организмот се враќа во нормала сосема добро кажано во твојот коментар!
... ТИ едноставно се плашиш од таква ситуација, а има твои врсници кои се зависници токму од таква адреналинска ситуација и со задоволство се занимаваат со екстремни спортови токму поради тој адреналин кој тогаш се лачи најповеќе!

...замисли дека поминуваш на пешачки и наеднаш здогледуваш автомобил кој не почитува правила на пешак и организмот влегува „во стресна ситуација“ што може живот да значи и наеднаш се лачи адреналинот кој ќе направи ти се справиш со ситуацијата дали ќе истрчаш, дали ќе рипнеш над хаубата на автомобилот, ако во тој момент мериш крвен притисок нормално дека ќе биде многу покачен плус забрзана работа на срцето, но кога ќе се среди ситуацијата организмот авотматски се повлекува со сите тие симптоми, ако не би било така и ти би бил флегма т.е. нема адреналин што мислиш дали ќе се справиш со ситуацијата така „успорен“?
...замисли во кино сала, темница и се дава хорор филм со секакви страшни сцени, да се мери тогаш крвниот притисок знаеш колку ќе биде висок? а тек тахикардија динг динг дингг срцето, види го Мистер Бин „инфаркт“ ќе добие од страв...ама кога ќе се „смири“ сцената и телото постепено „се смирува“ и тие високи параметри се нормализираат!

...или кога ќе се изнервираш адреналинот расте спремен организмот да се справи со стресот односно да се одбрани од „бокс“ што може некој да ти го даде што се расправа со тебе....и многу многу примери, би те прашала што не го мериш крвниот притисок и срцебиење кога ќе ејакулираш при мастурбирање или секс? :)

...така да нема што да се плашиш од нешто што е нормално, напротив, си правиш лошо вака што помислуваш свешто... висок крвен притисок треба да се задржи цел ден кога телото и лежи, спие,седи и пешачи, па да се рече дека се има хипертензија ... и кога се носи „холтер за крвен притисок“ секогаш се дава список од пациентот што пишува што правел секој 15 мин додека мери автоматски тој крвниот притисок, и ти кога ќе напишеш дека покрај тебе помина згодна женска или ти дадоа изгорен бурек а апаратот ти измерил висок крвен притисок кој за 15 мин се нормализира, докторот ќе напише „нормални параметри“ а таму измери 180/90/90 пулс! :)
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
...ОК нема веза, кај тебе нема слушање и на другата страна иако поставив некои работи изгледа повеќе ти иде германскиот јазик! :)

помогни му на овој член еве му ја фотката! и не знам тоа „ резултатите ти се добри“??
Денес пак бев кај докторот, целиот се нафрлив, ова вит Ц џабе го пијам изгледа. Што би можело да помогне да се напијам?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Денес пак бев кај докторот, целиот се нафрлив, ова вит Ц џабе го пијам изгледа. Што би можело да помогне да се напијам?
... на жалост кај нас проблемите од ваков тип како кај тебе не се тема на испитување, а најмалку дебатирање и разменување na искуства меѓу трансфузиолози и хематолози, кај нив постои само три проблематики, прва како тромбоцитопенија намален број на тромбоцитите, втора во врска со пореметување на коагулација и создавање коагулум-тромбоза и трето последиците и наследните проблеми околу коагулација наследно пореметени фактор VIII и IX -т.е.хемофилија и толку!
...а што со тие кои немаат тромбоцитопенија т.е. бројот на тромбоцитите се во нормални граници, а проблемот е највероватно во нивната способност на агрегација (највероватно твој проблем) со што ти предложив да направиш овие дијагностички тестови поради појавата на хеморагии- точкасти крварења или петехи како што имаш, а можат да бидат поголеми површини на крварење т.е. повеќе „петехии“ во споени групи наречени „пурпура“ или најголеми површини крварења на кожата и мембрани т.н „ехимози“?
-немаш тромбоцитопенија и сега ? е па немаат одговор како што е примерот кај тебе со нормално време на крварење, коагулација, тромбоцити, димери, хематокрит, фибриноген, протромбинско време, активирано парцијално, тромбинско време, ама со намален Von Willebrand фактор (ристоцетин и колаген) ! ...немаш направено тест за Фактор VIII и IX ама тоа веќе иде во друг правец што мислам дека не би требало да го имаш (хемофилија)!
... значи имаш благ дефицит на Von Willebrand фактор! не те прашав која крвна група имаш?
ехх, сега велиш што да пиеш, искрено би ти рекла за почеток да приготвиш и да го изедеш следново:

Коскена супа!
(покрај другото истата содржи колаген што по мое мислење можно е причината за ваквото твое точкасто крварење!) и пожелно прво коските (говедско, свинско) да се стават малку во рерна да добијат боја па потоа од истите да се приготви супа, таа е многу богата со природен колаген!
...затоа што Von Willebrand фактор да се активира и да е во нормала зависи и покрај другото од колагенот е сега имам двоумење...дали имаш намален Von Willebrand фактор, а нормален колаген или нормален Von Willebrand фактор, а намален колаген што се покажува со непотполна активност на целиот циркулирачки Von Willebrand фактор кој треба да се „прикачи“ за колагенот со што се активира механизмот на активирачки сигнал за крајна агрегација на тромбоцити би рекла можно да имаш колагенопатија, оти механизмите за намалување на функционалната активност на тромбоцитите поради промената на структурата на колагенот делува на хемостазата и ете ти беља доаѓа до спонтано крварење на поткожните капилари петехи, пурпура! офффф! :facepalm:
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Денес пак бев кај докторот, целиот се нафрлив, ова вит Ц џабе го пијам изгледа. Што би можело да помогне да се напијам?
Јади цитруси 2 недели пробај.

Пример, 2 мандарини, 1 лимон, 1 портокал. 2 до 3x на ден, а со јадењето јади зелка и по некоја пиперка. Ако за 2 недели не се среди не ти е дефицит на Ц, да не пиеш б комплекс иначе? исто така ако конзумираш месо, пробај да јадеш џигер, 2x во неделата, тепешки најдобро.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Дали може 3-4 месеци по миокарден инфаркт и стент да се лета со авион?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Дали може 3-4 месеци по миокарден инфаркт и стент да се лета со авион?
... и самото патничко здравствено осигурување дава после најмалку 90 дена осигурување од било кој кардијален настан, а секоја авикомпанија има своја политика за дозвола на патници со свеж кардијален настан инаку ДВТ (длабока венска тромбоза) која се појавува и кај здрави лица при патување со воз, автомобил, па и со авион се смета временски до 4ч, све што е над треба често менување на позиција, опуштање исправување на телото!
... инаку има едно непишано правило, ако патникот може БРЗО да испешачи 100 м без да има при тоа градна болка, задишеност и гушење тогаш мора само да се внимава на исхраната дента пред летот како и психичкиот фактор, анксиозност и страв од самиот лет кои и те како делуваат на менување на телесните параметри кои се важни за безбеден лет!
Јади цитруси 2 недели пробај. Пример, 2 мандарини, 1 лимон, 1 портокал. 2 до 3x на ден, а со јадењето јади зелка и по некоја пиперка. Ако за 2 недели не се среди не ти е дефицит на Ц, да не пиеш б комплекс иначе? исто така ако конзумираш месо, пробај да јадеш џигер, 2x во неделата, тепешки најдобро.
... за да биде причина за пурпура дефицит на Вит Ц, тоа би требало да биде целосен недостаток т.е. да има скорбут и како симптоми да има покрај другите крварења на кожата и органи и крварење од нос, непца што членот дефинитивно го нема, кај него има проблем чиј правец треба да ја одреди причината на тоа кожно микрокрварење „пурпура“:
- тромбоцитно нарушување,
- васкуларен фактори,
- недостатоци на коагулациониот фактор
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
ги исполнувам условите...:) Фала
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
... и самото патничко здравствено осигурување дава после најмалку 90 дена осигурување од било кој кардијален настан, а секоја авикомпанија има своја политика за дозвола на патници со свеж кардијален настан инаку ДВТ (длабока венска тромбоза) која се појавува и кај здрави лица при патување со воз, автомобил, па и со авион се смета временски до 4ч, све што е над треба често менување на позиција, опуштање исправување на телото!
... инаку има едно непишано правило, ако патникот може БРЗО да испешачи 100 м без да има при тоа градна болка, задишеност и гушење тогаш мора само да се внимава на исхраната дента пред летот како и психичкиот фактор, анксиозност и страв од самиот лет кои и те како делуваат на менување на телесните параметри кои се важни за безбеден лет!
... за да биде причина за пурпура дефицит на Вит Ц, тоа би требало да биде целосен недостаток т.е. да има скорбут и како симптоми да има покрај другите крварења на кожата и органи и крварење од нос, непца што членот дефинитивно го нема, кај него има проблем чиј правец треба да ја одреди причината на тоа кожно микрокрварење „пурпура“:
- тромбоцитно нарушување,
- васкуларен фактори,
- недостатоци на коагулациониот фактор
Постојат разни форми на скорбут, не е црно бело. Не реков дека е тоа иначе, само посочив поефикасен начин.[DOUBLEPOST=1555215956][/DOUBLEPOST]
Дали може 3-4 месеци по миокарден инфаркт и стент да се лета со авион?
ги исполнувам условите...:) Фала
Остај летањето, што превземаш во врска со ова, статини пиеш? аке инхибитори, и ако да кои?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Остај летањето, што превземаш во врска со ова, статини пиеш? аке инхибитори, и ако да кои?
ајде да летаме...
не се разбирам од овие лекарства Псај, а и слабо паметам нови нешта :) Ако мислиш на маснотии и притисок, пијам. Зилт, аторис, релика плус и кардиопирин.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
ајде да летаме...
не се разбирам од овие лекарства Псај, а и слабо паметам нови нешта :) Ако мислиш на маснотии и притисок, пијам. Зилт, аторис, релика плус и кардиопирин.
Росвера (Росувастатин) и Пирамил ти се најдобрите опции, збори со кардиологот за ова. А не е лошо еден OGTT да направиш.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Росвера (Росувастатин) и Пирамил ти се најдобрите опции, збори со кардиологот за ова. А не е лошо еден OGTT да направиш.....
Претпоставувам Пирамил е замена за Релика, а Росвера за Аторисот. Ќе и предложам на матичната следниот пат, овие две да ми ги замени. Некои ми предложија Ашваганда за стресот затоа што последниве години (по долги години одеднаш прекинав секаков физички тренинг и активност плус до операцијата страшно лошо се хранев), стресот и некои симптоми на анксиозност ме следеа како братче и сестриче :D
https://ajurveda.com.mk/shop/uncategorized/244/
http://bilkarnica.mk/mk/2017/12/17/ashvaganda/
не знам дали и колку е ефикасно за стрес, евентуална анксиозност и слично
 
Да ефикасна е. Бакопа и Родиола се исто одлични, ама Родиола кај некои може да качи притисок, така да не е за тебе.

Бакопа/Ашваганда, и Теанин би ти биле одлична комбинација. Сепак за твојота состојба, заедно со нив треба во најмала рака магнезиум, биокативен б комплекс, како и coq10 + таурин.

Иначе да, тоа се замените.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Може ли да пијам кафе додека се мачам со песок во бубрег? Мислам, ќе штети ли некако?
Веќе петти ден сум без кафе, се осеќам ко наркоманче мизерно, и онака иам низок притисок, ко шашава сум со денови.
Уште иам болки, фала богу издржливи се сега некако, па не верувам дека една чаша кафе ќе смета. :/
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
325
Поени од реакции
622
Росвера (Росувастатин) и Пирамил ти се најдобрите опции, збори со кардиологот за ова. А не е лошо еден OGTT да направиш.....
Баш ме интересира како ќе му каже ...докторе може ли една росвера да ми дадеш наместо аторис некако поубава ми е.
Неможеш така да генерализираш овие лекови се најдобри опции, за некој се најдобри за некој најлоши пак е индивидуално.
Инаку после стент сите(повеќето) кардиолози идат со аторвастатин(аторис), сигурно има зашто
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Баш ме интересира како ќе му каже ...докторе може ли една росвера да ми дадеш наместо аторис некако поубава ми е.
Неможеш така да генерализираш овие лекови се најдобри опции, за некој се најдобри за некој најлоши пак е индивидуално.
Инаку после стент сите(повеќето) кардиолози идат со аторвастатин(аторис), сигурно има зашто
Има, не ги читале новите студии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom