Работата е во тоа што еднаш бришана одредба неможе да се врати во сила на ниеден начин освен ако законодавецот (парламентот) повторно не донесе таква одредба. Уставниот суд може само да укинува одредби за кои смета дека не се во согласност со уставот, но нема право и неможе да стави во важност одредба која е бришана, со тоа навлегува во законодавната дејност во која нема ингеренции. Затоа одлуките на Уставен секогаш гласат СЕ УКИНУВА а никогаш не гласат СЕ ПОНИШТУВА. Во правото постои огромна разлика помеѓу тоа ,,се укинува,, и ,,се поништува,,. Имено, укинувањето има дејство од сега па натаму и сите правни последици кои ги предизвикала укинатата одредба си остануваат, што во конкретниот случај значи дека на пример сите помилувани врз основа на укинатите измени си остануваат помилувани, одредбите кои со измените се бришани ,,си остануваат бришани,,. Додека поништување значи дека поништениот акт ,,не бил донесен,, се поништуваат и правните последици кои тој акт ги предизвикал додека бил во сила, во конкретниот случај ако на пример некој бил помилуван согласно укинатите измени тогаш доколку Уставен донел одлука со СЕ ПОНИШТУВА тогаш со таа одлука се поништуваат и помилувањата дадени со поништениот акт и сите други последици кои ги предизвикал вклучително и ,,бришењето,, на чл.11 и тој повторно би бил во важност, но уставен не смее и не носи такви одлуки. Еве ти и по пластично објаснување на разликата помеѓу укинување и поништување, па ваљда ке ја сватиш логиката по која Шкариќ и Силјановска објаснуваат: Ако на пример, Фондот за ПИО донесе решение со кое стекнуваш право на пензија и по тоа решение си земаш пензија 1 година по што Фондот од х причини носи решение со кое СЕ УКИНУВА решенитето со кое ти дале пензија тогаш последиците од укинувањето се дека ти во иднина нема да земаш пензија, додека ако најде дека од х причини треба и донесе решение со кое СЕ ПОНИШТУВА,, решението со кое ти дале пензија тогаш не само што во иднина нема да змеаш пензија туку ке треба и да ги вратиш парите кои си ги примил како пензија по основ на поништеното решение. Занчи Ѓорѓи, со укинувањето на измените не се укинува бришењето на чл.11, укинувањето нема повратно дејство.