Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Вчера, вторник, 26 март 2019, со 348 гласа ЗА и 274 гласа ПРОТИВ, Европскиот Парламент го потврди и го усвои конечниот текст на законската регулатива за заштита на авторските права, со која се обврзуваат Интернет сервисите да ја регулираат содржината која нивните корисници ја објавуваат.

Не дека беше некое изненадување откако нацрт-текстот на законот беше усвоен на 12 септември 2018, но сега истиот е потврден и станува дел од законската регулатива на ЕУ.

Останува на граѓаните на индивидуалните држави членки на ЕУ да бараат од нивните влади и парламенти да ја отфрлат ваквата законска регулатива на државно и национално ниво, или да се помират со затемнувањето на Интернетот кое допрва следува во европскиот сајбер простор.

https://off.net.mk/vesti/internet/naskoro-kje-osetime-kako-internetot-se-stesnuva

Наскоро ќе осетиме како Интернетот се стеснува

27 Март 2019 - 11:54

Европскиот парламент ги изгласа контроверзните правила за копирајт, сосе најспорните членови 11 и 13. Оптимистите веруваат дека ова ќе го направи Интернетот подобар а песимистите дека ќе го направи бетер. Ние сме реалисти: ќе го направи бетер.

Лани во јуни пишавме:

„ Неодамна усвоениот GDPR е малку офтика и малку мачкање очи (вистинските злотвори ги заболе дали сте кликнале за колачиња), но она што следува допрва ќе го уништи ќефот на слободниот Интернет “

Со 348 гласа за и 274 против во Европскиот парламент, ова сега станува реалност, иако правилата ќе мора да бидат поединечно имплементирани од секоја земја на ЕУ.

Најголемото шубе е околу членот 11 кој Интернет платформите како Јутјуб, Фејсбук и други, ги прави одговорни за содржината која корисниците ја ставаат на нив, и за авторските права околу таа содржина. А штом се одговорни, ќе мора да надгледуваат и да филтрираат пред нешто да биде закачено на нив, за утре да не го јадат судскиот стап околу таа содржина.

Членот 13 е за Интернет агрегаторите кои ќе мора да плаќаат за содржините кои ги менаџираат, освен за индивидуални зборови и пинцурски извадоци.

Сомничавите сметаат дека ваквата легислатива е само маска за идната цензура и се прашуваат зошто некои дигитални стартапи би започнале во ЕУ наместо на некое друго место на светот во кое нема да им виси европскиот Дамоклов меч на филтрирањето.

Во една хипотетичка ситуација, нема да можете да објавите своја видео снимка од ургентен јавен интерес, на пример пожар во комшиската зграда, ако негде во позадина на тоа видео има билборд со реклама чиј копирајт е во рацете на Проктер и Гембл, бидејќи автоматскиот филтер на ФБ или Јутјуб тој билборд ќе го детектира, ќе утврди дека вие немате право да дистрибуирате нешто од таа компанија и ќе ви го блокира видеото.

Не дека од ваквите правила и од членот 11 баш сите се незадоволни:

****

Види и:

ЕУ законот што ќе може да го цензурира Интернетот
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939

чекај ова само за земји членки на ЕУ, или сите држави во Европа???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
чекај ова само за земји членки на ЕУ, или сите држави во Европа???
Прочитај малку, информирај се кои држави имаат свои пратеници во Европскиот Парламент, па можеби ќе ти стане јасно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom