Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Dali vredi 100m ne znam ama siguren sum deka Sanco bi se uklopil u timov bes problem. Sekako vredi da se proba mlad talentiran igrac zosto da ne

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Наводно поставиле цена од 200м. за Погба, па нека повелат :P
За Санчо веќе долго време се шпекулира. Според мое мислење, ми изгледа дека тој е најблиску до трансфер од сите овие имиња со кои сме поврзани овој период.
Иначе најбитна работа пред се е да се завршат новите договори со Ерера и Де Геа
 
А што е со повредиве. Нема играч што не е повреден. Ако глумар за да однорат место да играат за репрезентација ОК, али ако е вистина тогаш нечини.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Discuss...

54729095_1948690388591594_3744151312384655360_n.jpg
 
Кога ќе видам дека Смолинг и Џонс зема скоро дупло од платата на Ерера и 3x од Рашфорд (се надевам и тој што поскоро ќе добие нов договор, имаше некои информации дека и за неговиот нов договор се тегнеле нешто) добивам нагон за повраќање :pov:
Ерера е еден од најпотценетите во тимот а има придонес повеќе од половина од овие што земаат поголема плата од него
 
ДДГ заедно со Погба да се најплатени, Алексис да се продаде ако ја заврши вака сезоната. Ерера да добие покачување а Рашфорд нема шанси да е на 45,000, минимум на 150,000 е.

Другото е горе доле ок и очекувано, Англичаните секаде се меѓу најплатените играчи или поточно преплатените играчи, не е ова само кај нас.
 
Просто е.
Санчез продажба и 350к заштеда,
Mата продолжување на договор на 1/2 сезони со намалување плата за 40/50к,
Џонс на продажба, 120к заштеда,
Јанг продолжување на договор на 1 сезона и намалување плата за 40/50к,
ЛАВ си заминува и 100к заштеда,
Рохо продажба и 80к заштеда,
Дармиан продажба и 60к заштеда.
Вкупна заштеда 790-810к неделно

Му продолжуваш договор на Ерера за 100к плус,
На Рашфорд за 100-150к плус
На ДДГ за 100-150к плус.

Нето 400к+ заштеда неделна плата која може да се користи на нови квалитетни засилувања
 
Не може на Јанг да му ја намалиш платата затоа што само што потпиша нов договор. И кај Англичаните не можеш да намалиш плата туку така или продажба или ќе си го трпиш. :) а и не верувам дека на клубов му е дојдено до 200,000 евра заштеда месечно за Јанг. Поголем проблем е што имаме куп играчи кои немаат придонес а никако не ги продаваме.
 
Последно уредено:
Дури и да ги исчистиш сите што се вишок, ќе покријат едвај една саглам плата, да речеме на Гризман или Санчо( Панса:pos:).
Реално да збориме, иако сите бевма со двеРаце За, Санчез испадна поголем флоп од Бебе, ди Марија, Фалкао и сФе на куп собрано. На бајачка и он и Вудворд, мош ќе тргне:D
Од списокот на @ziak92 , јас Џонс и Мата не би ги продавал. Не се таков товар на буџетот, колку што се добар бекап. Кога би имале здрав и добар централен назад, Џонс е супер за замена, во недајбоже ситуација.
За Мата може(сигурно;)) сум субјективен, јас би го имал во тимот, макар минута да не изигра:toe:, таков играч не се продава!
Што се однесува до Ерера, ја надувавте работата. Супер борец е, легна на УРА периодот на Солскјер, и треба да се задржи, повеќе од морални причини. Дека е екстра квалитет, има место за муабет.
 
Не може на Јанг да му ја намалиш платата затоа што само што потпиша нов договор. И кај Англичаните не можеш да намалиш плата туку така или продажба или ќе си го трпиш. :) а и не верувам дека на клубов му е дојдено до 200,000 евра заштеда месечно за Јанг. Поголем проблем е што имаме куп играчи кои немаат придонес а никако не ги продаваме.

Го изумив договорот на Јанг...Ете де 50к од Јанг минус не менуваат. Ама тие што ги стадов на листата се тие што треба да ги пакуваат куферите. Санчез и покрај сите надежи што ги имав дека може да направи пресврт во неговиот престој кај нас мислам дека е готова приказна и неговата плата само прави голем дисбаланс во тимот. Мата не е првотимски материјал, но за ротација мислам дека може да послужи и ако останува мора да има намалување на неговата плата. Од стопериве би го задржал Смолинг за бекап, а Џонс и Рохо нека летаат. ЛАВ познато е, а летово мора да се ослободиме од Дармиан.

Не му е дојдено на клубов од финансиска заштеда од 200к неделно, ама самата појава на пр. на Санчез како високо најплатен, а братот не може да даде ни 5% придонес прави длабок дисбаланс и тој износ подобро фукни ги на неделна плата на некој кој би бил алфа и омега чиј прајм е овој период отколку на некој на што му е поминат.
 
Кај Мата не е проблем платата што не е продолжено, времетраењето на договорот е. Мислам дека му даваат 1+1, тој сака 2+1 ама не ме фаќајте за збор, само знам дека други се причините кај него.
 
Кој му е агент на Мата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom