Ако може некој да ми каже за последниве резултати на сликите, PLT, PCT итн, претпоставувам се работи околу крвни плочки тромбоцити, гледам скоро се е L - намалено.Кај тироиднаTSH = 2.41 (нормално)FT4 = 14.53 (нормално)FT3 = 5.08 (нормално)Х.пилори = 3,49 (позитивно)
Прегледај го приврзокот 206306
Прегледај го приврзокот 206307
... пред да се потсетиме што значат тие вредности, треба да знаеме дека НИКОГАШ не се зема здраво за готово со прва лабораториска анализа дека вредноста е „L“ low, „намалено“ значи дека по испитување на истите ведности по 4,5 дена вредноста ќе биде во нормала, зашто? затоа што истите се обновуваат од коскената срж, доколку немаме некоја инфекција која е причина за тоа намалување!
PLT (platelets total)- значи вкупен број на тромбоцити (крвни плочки) во крвта, според лаб.анализи каде си ги направил 150- 390 вредноста твоја е 214, значи ОК во граница на нормала и нема тука да коментирам понатаму!
PCT(procalcitonin)- најчесто се испитува да се знае дали причинителот на инфекцијата е бактерија или вирус, за разлика од CRP кој како лаб.параметар во имунолошки статус покачена вредност дава и при бактериска и при вирусна инекција, овој параметар PCT дава покачени вредности само при тешки бактериски инфекции (сепса), доколку вредноста е пониска како што е случај кај тебе, а други лаб.параметри укажува дека имаш некоја инфекција, тогаш со СИГУРНОСТ ќе кажеме дека тоа е вирусна инфекција и никако не смее да се даде почетно антибиотик!
PDWs (platelet distribution width)- распределба на тромбоцити според волумен, морфолошкиот изглед на томбоцитите укажува дека не е само важно бројноста во крвта туку и дали тие си се „нормални“ по величина, важен параметар затоа што ако имаме нормален број на тромбоцити во крвта кога не си ја прават својата функција и најчесто на ова се внимава при појава на модрици по телото, течење крв од нос,
тие тромбоцити кои се поголеми се „тазе“ исфрлени од коскената срж, додека тие тромбоцити кои се малечки се стари неколку денови кои циркулираат во крвта и доколку во крвта има повеќе поголеми тромбоцити тогаш значи дека коскената срж во моментот била форсирана во нивно создавање, твојата „L“ low ситуација на овој параметар 7,4 (нормално 10-18) може да биде „работата“ на коскената срж која највероватно влијаела на неа некоја вирусна инфекција,
MPV( просечен волумен на тромбоцитите) според овие анализи твојата вредност 6,8 (норм.8-11) некаде нормално е од (6,8 - 10,4) така да не знам дали би рекле дека ова ситуација е мала тромбоцитопенија или едноставно таа вирусна инфекција која највероватно ја имаш делувала на коскената срж и ете можеби малку пониско, јас би рекла нормална вредност!
P-LCC (platelets larger than 12 fl and smaller than 30fl)
P-LCR (platelet large cell ratio) тромбоцити одговорни за коагулација на крвта и тука имаме намалено поради.... итн што укажува на таа вирусна инфекција која ете влјаела во моментот на коскената срж...
( п.с. другото друг пат)
Бројот на тромбоцитите ти е нормален, па затоа тие другите параметри се небитни.
... не би се сложила со тебе, може бројот на тромбоцитите да се во нормала, а самата функција што треба да ја имаат во врска со коагулацијата на крвта е отсутна или намалена, велиме намалена способност за агрегација на тромбоцитите така да има случеви со нормален број на тромбоцити, а да имаат симптоми на тромбоцитопенија, со изразено крварење од нос, при повреда потешко зараснување на рана, па и појава на модрици по телото и друго крварење, како што има еден друг член погоре, и секогаш крвната слика се прави со сите диферецијални параметри токму поради многу одговори кои се кријат тука!