Дежурна Ординација! #2

Член од
2 октомври 2017
Мислења
45
Поени од реакции
36
Ми рекоа дека ништо не ми е и да продолжам со вит Ц дневно грам. Доколку повторно се појават слични точки да одам да се консултирам со дерматолог. Сега пред малку се соблеков и ги забележав дека пак ми се појавија доле околу зглобот, ниту ги осетив кога излегоа преку к ми се веќе. Ваше искуство или совет?
Прегледај го приврзокот 206025
Прегледај го приврзокот 206026
@Kadaif @shutrak @bijons @AlternativeF што мислите околу резултатите?
 
Член од
17 март 2017
Мислења
319
Поени од реакции
515
Може ли некој да ми каже што значи дијагнозава:
Pocetni zasiluvanja na eminencie interkodilares vo prilog na pocetni gonartrozni promeni.
Се работи за Ртг на лево колено.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Може ли некој да ми каже што значи дијагнозава:
Pocetni zasiluvanja na eminencie interkodilares vo prilog na pocetni gonartrozni promeni.
Се работи за Ртг на лево колено.
Хронично заболување на коленото после одредена траума, најчесто предни вкрстени лигаменти.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Ако може некој да ми каже за последниве резултати на сликите, PLT, PCT итн, претпоставувам се работи околу крвни плочки тромбоцити, гледам скоро се е L - намалено.

Кај тироидна
TSH = 2.41 (нормално)
FT4 = 14.53 (нормално)
FT3 = 5.08 (нормално)

Х.пилори = 3,49 (позитивно)

54516237_343255546301997_1250252571705081856_n.jpg
53838571_2317798751877109_3755336893282123776_n.jpg
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Како тоа FT4, 14 и FT3, 5 нормално?

Друго, си правел OGTT?
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Како тоа FT4, 14 и FT3, 5 нормално?

Друго, си правел OGTT?
Нели тие FT4, FT3 се некои слободни што ти знам.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/4059063

Еве и во листот кои се пишани да се испитаат и нормални вредности
tiroidna.PNG

Толку се разбираат и докторите, така ми кажа еден дерматолог, пошто преку него идеше упатот.

Утре кај матичен ќе одам ама као што се несериозни, ќе рече и тој сигурно дека се е во ред.

Иначе незнам што е OGTT и немам правено.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Онда шекерот ти е 6.1, обавезно OGTT и hbA1c да направиш.

А хормониве ти се на граница, иако се во други мерни единици рачунати, сомнително, плус пајлори, кога ќе се земе се имаш неколку сомнителни параметри. Тестирај и витамин Д.
 
Член од
5 август 2006
Мислења
164
Поени од реакции
10
Од време на време ми се јавува болка кај препоните на левата страна, близу моќниот меур. Кога ќе го стиснам не ме боли, немам некој оток како знак за кила, ако почнам да ги тегнам нозете тогаш болката како да оди накај ногата, немам проблеми при мокрење при што кога мокрам болката како да исчезнува. Кога сум во движење болката е минимална, скоро и да не ја сеќавам, најмногу ја сеќавам кога сум во седечка положба. Каде би требало да одам за да се проверам?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363

...нема да ти се верува, ама тоа е последица од кичмата која се буни највише кога си во седечка состојба, највероватно неправилна и долговременска!

...доколку си „зависен профи од седечка положба“ купи си една ваква топка што ги применуваат во пилатес клубови и столицата замени ја со ова!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
Ако може некој да ми каже за последниве резултати на сликите, PLT, PCT итн, претпоставувам се работи околу крвни плочки тромбоцити, гледам скоро се е L - намалено.

Кај тироидна
TSH = 2.41 (нормално)
FT4 = 14.53 (нормално)
FT3 = 5.08 (нормално)

Х.пилори = 3,49 (позитивно)

Прегледај го приврзокот 206306
Прегледај го приврзокот 206307
Бројот на тромбоцитите ти е нормален, па затоа тие другите параметри се небитни.

За гликозата најверојатно не ти земале крв на гладно или си се напил сок пред земањето на крв па затоа можеш да го повториш поново тој параметар.

За тироидната жлезда секоја лабораторија си има посебни референтни граници во зависност од реагенсите кои ги користат затоа доколку напишале граници со тие параметри тогаш се во ред.

Е сеа за хеликобактерот доколку немаш до сега земано антибиотска терапија. Би требало да почнеш. Ако доколку имаш до сега земано тогаш нема потреба пошто и после терапијата тој параметар би останал позитивен. Доколу имаш тегоби на желудникот после хеликобактер пилори терапија тогаш треба да направиш гастроскопија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.716
Поени од реакции
42.307
Од време на време ми се јавува болка кај препоните на левата страна, близу моќниот меур. Кога ќе го стиснам не ме боли, немам некој оток како знак за кила, ако почнам да ги тегнам нозете тогаш болката како да оди накај ногата, немам проблеми при мокрење при што кога мокрам болката како да исчезнува. Кога сум во движење болката е минимална, скоро и да не ја сеќавам, најмногу ја сеќавам кога сум во седечка положба. Каде би требало да одам за да се проверам?
па движи се малце, пешачи, спортувај нешто, вежбај дома. Не знам како сакате цел ден да сте у седечка состојба и љубичици да ви цветаат. После ќе дигнете 5 кила и одма препони ве болат. Човек ко човек увек треба да има оптимален фитнес за да функционира нормално без проблеми.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Ако може некој да ми каже за последниве резултати на сликите, PLT, PCT итн, претпоставувам се работи околу крвни плочки тромбоцити, гледам скоро се е L - намалено.Кај тироиднаTSH = 2.41 (нормално)FT4 = 14.53 (нормално)FT3 = 5.08 (нормално)Х.пилори = 3,49 (позитивно)
Прегледај го приврзокот 206306
Прегледај го приврзокот 206307
... пред да се потсетиме што значат тие вредности, треба да знаеме дека НИКОГАШ не се зема здраво за готово со прва лабораториска анализа дека вредноста е „L“ low, „намалено“ значи дека по испитување на истите ведности по 4,5 дена вредноста ќе биде во нормала, зашто? затоа што истите се обновуваат од коскената срж, доколку немаме некоја инфекција која е причина за тоа намалување!
PLT (platelets total)- значи вкупен број на тромбоцити (крвни плочки) во крвта, според лаб.анализи каде си ги направил 150- 390 вредноста твоја е 214, значи ОК во граница на нормала и нема тука да коментирам понатаму!
PCT(procalcitonin)- најчесто се испитува да се знае дали причинителот на инфекцијата е бактерија или вирус, за разлика од CRP кој како лаб.параметар во имунолошки статус покачена вредност дава и при бактериска и при вирусна инекција, овој параметар PCT дава покачени вредности само при тешки бактериски инфекции (сепса), доколку вредноста е пониска како што е случај кај тебе, а други лаб.параметри укажува дека имаш некоја инфекција, тогаш со СИГУРНОСТ ќе кажеме дека тоа е вирусна инфекција и никако не смее да се даде почетно антибиотик!
PDWs (platelet distribution width)- распределба на тромбоцити според волумен, морфолошкиот изглед на томбоцитите укажува дека не е само важно бројноста во крвта туку и дали тие си се „нормални“ по величина, важен параметар затоа што ако имаме нормален број на тромбоцити во крвта кога не си ја прават својата функција и најчесто на ова се внимава при појава на модрици по телото, течење крв од нос,
тие тромбоцити кои се поголеми се „тазе“ исфрлени од коскената срж, додека тие тромбоцити кои се малечки се стари неколку денови кои циркулираат во крвта и доколку во крвта има повеќе поголеми тромбоцити тогаш значи дека коскената срж во моментот била форсирана во нивно создавање, твојата „L“ low ситуација на овој параметар 7,4 (нормално 10-18) може да биде „работата“ на коскената срж која највероватно влијаела на неа некоја вирусна инфекција,
MPV( просечен волумен на тромбоцитите) според овие анализи твојата вредност 6,8 (норм.8-11) некаде нормално е од (6,8 - 10,4) така да не знам дали би рекле дека ова ситуација е мала тромбоцитопенија или едноставно таа вирусна инфекција која највероватно ја имаш делувала на коскената срж и ете можеби малку пониско, јас би рекла нормална вредност!
P-LCC (platelets larger than 12 fl and smaller than 30fl)
P-LCR
(platelet large cell ratio) тромбоцити одговорни за коагулација на крвта и тука имаме намалено поради.... итн што укажува на таа вирусна инфекција која ете влјаела во моментот на коскената срж...
( п.с. другото друг пат)
Бројот на тромбоцитите ти е нормален, па затоа тие другите параметри се небитни.
... не би се сложила со тебе, може бројот на тромбоцитите да се во нормала, а самата функција што треба да ја имаат во врска со коагулацијата на крвта е отсутна или намалена, велиме намалена способност за агрегација на тромбоцитите така да има случеви со нормален број на тромбоцити, а да имаат симптоми на тромбоцитопенија, со изразено крварење од нос, при повреда потешко зараснување на рана, па и појава на модрици по телото и друго крварење, како што има еден друг член погоре, и секогаш крвната слика се прави со сите диферецијални параметри токму поради многу одговори кои се кријат тука!
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.424
.

Ако имаше детето симптоми до сеа ќе кажеше. Медицината не е лабораториска професија. Клиниката е најважна!!!
Лабораторијата е сама по себе како љубовница, може да се сака ама не и да и се верува секогаш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.363
Ако имаше детето симптоми до сеа ќе кажеше. Медицината не е лабораториска професија. Клиниката е најважна!!!
Лабораторијата е сама по себе како љубовница, може да се сака ама не и да и се верува секогаш.
...без потврда од лабораторија мало сутра ќе знаеш дали е сигурно воспален appendix и треба под хитно да се оперира и колку да е искусен хирургот „љубовницата“ има главна улога да одреди дали е за операција или е лажна узбуна ;)
п.с.
...види ги лабораториските упати за една болест на еден орган, специјалистот „бара“ комплет анализи и што треба, а богами и што не треба, де јуре е може ти како кажуваш, ама де факто не е баш така!
п.с.на п.с.
...од каде знаеш дека е „детето“ ? логика...регистриран на Кајга во 2009 година да речеме 16 години кога бил дете, поминати од тогаш цели 10 години, значи најмалку има 26 години, а според мое око 30 год сигурно има :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom