Кајгана психолог

Член од
11 март 2019
Мислења
20
Поени од реакции
5
Тежината на тоа што не мачи секоја личност најразлично ја мери.
За некои луѓе тоа е: готово е го допрев дното, за други тоа е: можеше да биде и полошо.
Мислењето што го дадов беше искрено но јас не сум стручна личност која може целосно да го реши проблемот.
Би сакал да додадам нешто , но не ме разбирај погрешно значи не велам дека ти фали нешто, но би те советувал да посетиш некој психолог и најотворено да разговараш за твојот проблем.
Бидејќи секој овде на форумот што ќе го прочита твојот пост ќе ти даде подршка и охрабрување( што е пред се човечки ) и тоа на тебе ќе ти ја стопли душата на момент но бидејќи ти подсвесно различно размислуваш стравот и двоумицата ќе се вратат повторно.
Да да, факт е дека потсвесно секој вака би размислил, е сега луѓе од мојот реален свет ми викаат дека имам совест и свест и дека ако бев таква лесна, никаква или како тие што јас мислев дека сум нечесните немаше да размислувам волку на оваа тема.
Инаку сум била на психијатар, но завршило со разговор од 5мин и несоодветен третман, така да време е за психолог и сл.
Инаку и јас мислев дека го допрев дното, највеќе ми е вина тоа што мислам а што ако не беше и сл.
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107

епа "што ако не беше " требало да биде. поради х причини , неможе да знаеме зошто било, а што ќе беше да не беше. Многу комплексно прашање зар не, затоа и не секое прашање заслужува одговор :):):):)
 
Член од
18 август 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво дечки, пишувам тука бидејки ми треба ужасно совет.
Студирам во друг град прва година, сама сум тука. Од крајот на декември ми се случија некои грди случки, имав смртен случај, па испитна сесија за на крај да раскинам со дечко ми.
И си бев под стрес, ми беше тешко али ништо алармантно. Си терав со животот и испитите.

Се до пред 2 вечери, коа ми се сруши светот. Учев за испит, лабава си бев онака, претходно муабетев со другарка, коа наеднаш ми слупа срце и снемав воздух. Страшно беше, траеше неколку саати, едвај заспав дури утрото. Дознав дека било паничен напад. Од тогаш па наваму, од страв верувајте да не ми се случи повторно јас мислам ќе полудам. Вечерта после тоа, се мачев неколку часа да заспијам, за на крај да се напијам дијазепам и да заспијам. Оваа вечер, т.е вчера, око не склопив. Не сум спиена воопшто. Само штом затворив очи на 15тина минути, како да го осетив срцето да ми чука, се разбудив и толку беше. Отидов ненаспана на испит денес. Па и на сред испит ми стана лошо, она чусвтво како да се гушиш, исто така и срцебиење имав. Се смирив некако. Си дојдов дома со надеж дека ќе легнам и ќе заспијам, ама не можам да спијам никако и од тоа ми е ептен страв. Гуглав симптоми на анкс, ама ги немам, не се препознавам во нив. Во друштво ми е супер се океј, а останам сама веднаш лоши мисли. За неколку дена си се враќам во родниот град, се радувам и си велам ќе се регулира се.
Ама потсвесно размислувам на тоа дека нема да помине, дека ќе треба да се трујам со лекарства на само 19години.
Ептен ми е тешко..
Кажете што да правам, секој совет, било што е и повеќе од добредојден..
Не се секирај ќе ти помине биди силна.Истото ми се дешаваше и мене пред 2 години.Имаш напади на паника ќе ти поминат.Неможев да останам сам дома сега сам живеа гајле немам .Гледај сега биди опкружена до луѓе околу тебе ако треба оди си во твојот роден град да одмориш.Гледај позитивни видеа ,музика ,филмови .Најдобро е да отидеш на психолог да ти објасни што ти се дешава и дека не е страшно .Не читај на интернет не гледај видеа за симптоми ќе ти останат вечер ќе мислиш на нив иако ги немаш и ќе се плашишЈас одев секоја недела повеќе не пошо ми поминаа не сум имал веќе 2 години напад .што и да ти треба пишими
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дечки, што ќе ми препорачате за гадење лошење, ми се случува како паничен напад не можам да се исконтролирам, пред некој голем настан или сл, при нервоза ми се лоши, на пр последно имав закажано операција на заб, кога влегов во салата пола саат повраќав (патем намерно ништо немав ни јадено) не можев уста да отворам, ни да се контролирам и ја одложивме, одкако излегов од болница се ок ништо не ми беше. сега се плашам повторно да не ми се случи истото. Хелп ???
 
Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
68
Поени од реакции
33

Најбитно од се е да не посетуваш психолог, зошто ем пари ќе ти земе ем уво не го боли за тебе, башка што ќе ти препише "лекарства" а тоа ти е труење на организмот од старт. Мораш да внимаваш што јадеш и пиеш (големо НЕ за секојдневно брза храна, многу кафе и газирани сокови). Кажи ми дали пушиш цигари и ако да, колку на ден? Обавезно да си купуваш овошје и зеленчук, и да внесуваш бар еднаш до два-три пати во денот од нивните витамини. Последно и многу важно е да пиеш што повеќе вода. Ако си во способност би ти препорал флаширана, бидејќи имам мерач за густина и ПХ вредност и ти гарантирам дека е почиста и поздрава него од чешма.

Поздрав
 
Многу внимавам на исхраната, цигарите ги баталив пред 4, 5 месеци, вода пијам филтрирана значи преку посебен бокал со прочистувачки филтер, кафе 2 на ден, газирано и брза храна не, и бар 2 пати дневно јадам салати, еднаш овошје... на нервна база ми е, а за психијатрите се сложувам во глобала се едно те исто на сите препишуваат... и баш ме интересира од каде ти е набавен мерачот за ПХ вредност?
 
До нервната база е тогаш се, иако би го проверил тој посебен бокал со филтер, незнам баш колку се за верување. Такви прочистувачки филтри чинат многу пари и тој процес се вика Реверс Осмоза, каде тотално ја прочистува водата. Строго би ти препорачал да го провериш, не само за ПХ вредност, туку и поважното - за густина (ppm честички). Имам пријател со скап мерач и ми има кажано дека и ефтиниот мерач ја врши истата функција. Повели линк:

https://www.aliexpress.com/item/LCD-display-ph-meter-ATC-EC-TDS-tester-backlight-TDS-Water-Electrolyzer-Test-Quality-Purity-Filter/32798213032.html?spm=a2g0s.8937460.0.0.6fd72e0eNujNOh

Иначе, браво за внимавањето на исхрана и откажувањето на цигари. :aplauz:
Слободно пиши ми во пораки доколку планираш да купиш мерач. Овде ти пратив одлична понуда која е моментално на 40% попуст и е три во едно.
 
B

Bafra

Гостин

До нервна база било, ама психилог да не се посетувало, туку вода да се пиело :bravobe:
Најбитно од се е да не посетуваш психолог, зошто ем пари ќе ти земе ем уво не го боли за тебе, башка што ќе ти препише "лекарства" а тоа ти е труење на организмот од старт.
Колку за информација има психотерапевти кои не препишуваат лекарства, туку преку разговор и активности гледаат да ти помогнат. Ако сакаш можам во порака да ти пратам број па да се консултираш како тече третман кај таквите.

:oftopik:
Ме интересира, како дојде до заклучок дека флашираната вода е поздрава од чешмовачата. Што според тебе значи тоа поздрава вода ?
Дали кога пиеш флаширана вода, усните ти се суви, се осеќаш ли како да си недоволно хидриран, иако си пиел вода :unsure:
 
Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
68
Поени од реакции
33
До нервна база било, ама психилог да не се посетувало, туку вода да се пиело
Абе шефќет, човечкото тело е составено од 70% вода ако си заборавил. Најбитното нешто што е потребно на човекот се воздухот и водата, "колку за информација".

Колку за информација има психотерапевти кои не препишуваат лекарства, туку преку разговор и активности гледаат да ти помогнат. Ако сакаш можам во порака да ти пратам број па да се консултираш како тече третман кај таквите.
Добро е што им текнало да сменат тактика, зашто ги отруја луѓево, а па најмалце им помогнаа. Плус, се надевам нема да ја ошурат по џебот твоите професионалци. Дајбоже да се смениле работите и да постои некој што се грижи за своите пациенти и сака да ги ислуша како фамилија, без никакви лекарства и со ефикасност.

Ме интересира, како дојде до заклучок дека флашираната вода е поздрава од чешмовачата. Што според тебе значи тоа поздрава вода ?
Дали кога пиеш флаширана вода, усните ти се суви, се осеќаш ли како да си недоволно хидриран, иако си пиел вода
Како дојдов јас до заклучок? Или како дојдоа научници и доктори до заклучокот? Изгледа си уназад со времето без навреда бате, но имаме интернет денес, информациите од светот (Америка, Русија, Германија итн.) стигаат и кај нас инстант. Треба само да те заинтересира и да истражиш, ако ти е грижа за своето здравје. Башка веќе пишав за мерачот на ppm честички во водата, исто како што има pm честички во воздухот, што повеќе, тоа позагадено. Последно, пријател кој работи на дијализа, кој спасува човечки животи, им ја прочистува водата 100%, каде доаѓаме до дестилирана вода со 0-1 честичка. Ако им даваат од чешма, толку од животот. Запрашај се тука зашто треба да е чиста водата. И баш напротив, само кога пијам вода од чешма, се осеќам недоволно хидриран и има разлика на вкусот, каде сум приметил само стари лица неможат да увидат разлика на флаширана вода и вода од чешма.

П.С. Водата од чешма содржи од 300 до 600 честички во зависност од локацијата, а флашираната од 30 до 120 (зависи која). Препорачано е да се внесува до максимум 100 ppm честички.

Позз
 
Последно уредено:
Член од
27 јануари 2019
Мислења
19
Поени од реакции
3
Dali vi se desava primer znaete neso deka ne ste go napravile primer da kazeme deka ste opcule nekoj a celo vreme da ve maci deka ste go napravile toa.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Сега си го направил или не?
Ако си навредил, ќе се извиниш, од личноста зависи дали ќе ти прости.
 
Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
68
Поени од реакции
33
Ни јас не те сфатив друже. Биди малце подиректен и поедноставен да те сфатиме. Тоа би требало да е интуицијата во тебе, ти предвидува како ќе се осеќаш одкога ќе го направиш. Кажи ни некој детаљ, и така си анонимен тука.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.452
Поени од реакции
17.896
Дали претерана потреба за постојано чистење, бришење, претерана хигиена, е всушност опсесивно компулсивен синдром?
@Botko
@Agda Beata
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.196
Поени од реакции
10.162

Kajgana Shop

На врв Bottom