- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Надвор од здравиот разум е по било кој основ вакви дела на било кој начин да се оправдуваат. Самиот обид да се најде причина за истото во најмала рака звучи глупаво, нема тука ништо здраворазумски, насилството единствено што прави е што раѓа поголемо насилство. Работата е што во сето ова прилика за релативизирање ќе најдат струите кои што форсираат ваква идеологија. На пример Ердоган, веднаш го искористи настанот за зајакнување на ставовите за радикализација, поткопување на секуларноста и промовирање на конзервативна идеологија заснована на правила од ХV век. Организациите како Исис наоѓаат причина за своето постоење, регрутирање на радикални исламисти, а круговите задолжени за тоа до максимум ќе го искористат настанот за ширење на нивната идеологија.
Разликата во исламскиот фундаментализам и конкретниов случај е што првиот е организирана идеологија која што влече корени векови наназад, финансирана често дури и од држави како С.А, додека случајот од Нов Зеланд е изолиран случај на поединци, не постои организација зад нив, па дури и да постои, тешко дека ќе наиде на плодна почва за промовирање на таква идеологија во држави како Нов Зеланд. Тамошното општество не е задоено со радикална идеологија на културолошка и религиска супериорност, и нивно ширење на сметка на други култури и религии.
Тешко дека ваквиот настан ќе наиде на одобрување од Новозеландското општество, за разлика од исламистичките, каде што терористичките напади во Франција и Белгија, заедно со нивните извршители, беа оквалификувани како акти на хероизам и не наидоа на гласна осуда, туку напротив. Затоа и ваквиот чин наголемо ќе се злоупотреби и ќе се искористи за јакнење на исламистичките фракции и јакнење на верската, етничка и културолошка омраза.