Стерилизацијата е важна одлука, па информирај се добро пред да ја носиш на операција, после тоа нема назад.
Во контекст на овој дел од муабетот
Добар ден прво и поздрав до заедницава...
Се соочуваме со одлука по дома која искрено ако не се најде алтернативно решение нерадо би ја донеле(ако воопшто ја донесеме) а делот од муабетот што го QUOTE-риав уште повеќе ја усложнува одлуката.
За што станува збор:
Чуваме 3 мачки дома во моментов две сестри (едната личи на мајка и другата на татко и) кои Април-Мај ќе наполнат една година и мачорче помладо од нив околу еден месец и од други родители. Сите се прибрани дома, есента пред да почне да заладува (ни стана некако пракса изминативе 6-7 години да ги вдомуваме оние на кои им е потребно најповеќе) обично се мали мачиња спасени од нешто и сите си имаат прикаска.
Четврти пат и дојде период за парење на една од сестрите, на другата само еднаш сега-засега, мачорчето не појавува никаков интерес но од досегашното искуство знаеме дека тоа може да се смени преку ноќ-што се вика.
Дилемата или проблемот ми е оклу кастрацијата/стерилизацијата и моето несакање за донесување на таква одлука.
Изнесувањето-враќањето надвор и е ама и не е опција(кого да одбереш-пуштиш надвор?) а некој дефинитивно ќе остане дома овојпат (потопол е домот со милениче во него) ама па нема да можеме да оставиме 3 возрасни мачки дома и да имаме простор за есента што ни доаѓа.
Совет секаков е добредојден и одприлика знам што ќе ме советувате и веднаш ќе се оградам од здруженијата и вдомувањето преку нив (тотално сум разочаран од нивното работење=неработење). Како што згрижуваме мачки дома така згрижувавме и кучиња во нашиот двор и до сега ми имаат идиотите од комшии отруено 7-8 кучиња од кои 3 последниот пат пред одприлика пола година(и можеби некој ќе препознае кој сум по моите постови и барање помош по страниците на тие здруженија таканаречени пријатели на животните).
Полицијата бар советуваше нешто (иако колку да се рече) и записник направи, овие "пријателиве на животните" не ме удостоија ниту со безполезен совет од типот: Јави се во полиција.
Затоа и тука ќе прашам, дали можеби има заинтересиран љубител на мачки за вдомување на една или две од 3те да не мора ние да ја донесуваме одлуката за кастрација/стерилизација (ова со одлуката кобожем со доза на хумор требаше да биде кажано ама...)