Порано можеше, но сега некои велат дека повеќе не може, освен ако картичката е издадена преку Fiverr или слични веб сајтови.
Но ако имаш американско државјанство, тогаш можеш да отвориш резидентна трансакциска сметка во американска банка и да извадиш MasterCard или Visa/Visa Electron дебитна картичка поврзана со таа трансакциска сметка и да ја верификуваш на американскиот PayPal.
Од друга страна, доколку имаш легален траен престој во САД - зелена карта - тогаш можеш да извадиш не-резидентна трансакциска сметка во американска банка и да го направиш истото што го спомнав претходно за резидентна трансакциска сметка.
Со УЈП не би требал да имаш проблеми, бидејќи ќе ги повлекуваш парите со странска дебитна картичка на македонски банкомати, а банките кои се сопственици на истите тие банкомати ќе ти наплатат соодветна провизија за користење на банкоматите, легално подигнување на готовина од банкомат не е работа на УЈП, освен ако почнеш да подигнуваш премногу големи суми во многу краток временски период - на пример над 150 евра дневно и така секој ден во месецот.