Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Ооооо добив одговор имто одговор машала :) . Фал многу на трудот , проверував CRP плус детална лрва слика размоска или незнам како се викаше точно, ми рекоја дека причимата била од некој си стар вирус , и сум имал мало воспаление на задниот нос, ми дадоја капки дс ги капам 5 дена и то е , ништо не се смена , сихурно висусот/бакеријата уште си стои некаде. ајде оваја недела ќе одам пак одново сето детално да се прегледа ., фала пак за одвоеното време :)
со ASO antistreptolizin се открива присуство на антитела спрема антигенот кој го лачи стрептолизинот О, од групата на А стрептококите, самиот тест е базиран на неутрализација на хемолитичката активност на стрептолизин О токсин од антистрептолизинските О антитела во серумот!

...ако ги направиш овие две лаб.анализи за имунолошки статус- CRP и ASO , сигурна сум дека ќе ти бидат над референтна вредност како резултат на еднострано потекување на вратниот лимфен јазол како БАКТЕРИСКА инфекција на горен респираторен дел (грло) сигурно од некоја стрептокока или стафилокока, и да знаеш дека НЕ Е ВИРУСНА ИНФЕКЦИЈА за ова треба појава на двострано отекување на вратните лимфните јазли, а ти тоа го немаш![DOUBLEPOST=1551726951][/DOUBLEPOST]
За настинка. Sent from my Mi A1 using Tapatalk
..искрено никогаш лично не применувам капки за нос при настинка, доволно е една кесичка Фервекс,

составот е идеален на парацетамол, Вит Ц и антихистаминик фенирамин, ем ќе те смири полесно ќе заспиеш, ем ќе ти го подобри дишењето преку нос без ставање на капки за нос локално, што по еден час пак се враќа истата „шмрк“ или „затната“ состојба, ем благо делува на тврдата столица!

или може со комбинација со pseudoefedrin кој ја намалува носната конгестија -затнат нос, dekstrometorfan кој ја намалува кашлицата од иритирано грло доколку ја имаш применувајќи на сличен начин кесичката од Кафетин колд :

ама капки...немој ! :)
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Се 7, ЦРП 3,4 , Време крварење 55, Време коагулација 480, Фибр. 2,89
... хм, и тука сите параметри ти се во нормални граници, а ти и понатаму се жалиш на појава на црвени точки (petechiae 1-5 mm) или точкасти црвени дамки по екстремитетите (purpura 2 mm- 1cm) и тоа од мирно седење без повреда и тоа најчесто во меките делови на кожата на екстремитети!:(

... да пиеше некои лекови ќе речевме можно истите да созадат воспаление или некроза на крвните садови (vasculitis) и како резултат на тоа можно е такво точкасто крварење или поголемо како дамки најчесто како имунореакција од земање на некој лек после 21 ден од примената или пак некоја „мирна“ инфекција (ама ТИ немаш ни то ни то) ...можно е и како последица на некоја автоимуна болест со испитување на присуство на антитела IgG, IgM или како антитела од надворешен агенс како стрептокок :( ама не ти е тоа!
...или етиолошки може да биде од пореметена способност на агрегација на тромбоцитите, тие ти се во нормала, но ете може не си ја вршат улогата на агрегација или може поради некое пореметување во коагулација, најчесто фактор VIII .... или пак дефицит на вит Ц и вит К сигурно немаш :cautious: ...ниту примена на кортикостероиди или антикоагуланси, ниту пак си пиел нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)!

:( тууууууууу што би можело да биде:eek:
ај вака, кога веќе си направил втор чекор да идеме на трет чекор и да видиме тоа што ти кажав предходно за тромбоците кои се во нормала, но не знаеме каква им е способноста на агрегација, иако време на крварење и време на коагулација, па и фибриногенот се одлични сепак ај да видиме!

... овие анализи мора да ги спроведеш на трансфузиологија т.е. на хематологија одел за хемофилија, па мора да земаш упат од матичен лекар и кој знае кога ќе имаш термин :facepalm: ама гледај да ти го направат упатот за агрегабилност со приоритет дека микро крварењето не е шала за да чекаш, демек анализите ти се хитни! :свиркам:
постои тест со Aspirin, Clopidogrel, ADP, Colagen, Ristocetin (исто како кај пациентите кои им се следи агрегацијата на тромбоцитите при антиагрегациона терапија) инаку самиот тест на Colagen & Ristocetin се вика уште метода на Von Willebrand (ти не спомна дека си имал некогаш, некое спонтано нагло крварење од нос или модрици) ама можно е овој фактор да е малку помалку застапен, а да не дава такви симптоми!
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Здраво , неколку дена ми се јавува чуден притисок во главата. Првично имав висок крвен притисок 160/100 , ми ставија инекција и се симна притисокот, и порано сум имал слични ситуација ама вака никогаш. Но наредниот ден цело време чудно чувство на притисок во главата без сериозна болка..... ?!?!?!
 
...во претпоставка дека следниот ден не ти бил покачен крвниот притисок (треба да го мериш) и дека крвниот притисок е во нормала, а сепак „имаш чудно чувство на притисок во главата без сериозна болка“!

...да речеме, можно е поради дехидратација и неможност организмот да функционира како треба и не само чудно чувство во главата, туку омалаксаност на целото тело, затоа што ударен лек во болнички третман (со инекција) против хипертензија е диуретикот furosemid кој предходниот ден ти ја ставиле и тој врши силна диуреза (мокрење) со што може да дојде до електролитен дисбаланс и телото не може безпрекорно да функционира и затоа треба малку да се внимава на таа дехидратација за да се надокнади а твоето тело реагира на таков „чуден “ начин со пристисок (магла) на главата, но без болка !
 
Благодарам
 
Член од
17 јануари 2018
Мислења
124
Поени од реакции
111
Ве молам кој е повеке информиран да ми објасни зошто на деца од 3 год се избегнува да се стави Урбазон и што е всушност Кортико и дали го има во Урбазонот? И што се нус појави од овие?
Ви благодарам
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.865
Поени од реакции
8.426
Ве молам кој е повеке информиран да ми објасни зошто на деца од 3 год се избегнува да се стави Урбазон и што е всушност Кортико и дали го има во Урбазонот? И што се нус појави од овие?
Ви благодарам
Урбазонот е кортикостероид и се става по строга индикација поради несаканите ефекти кои се многу. Посебно кај децата индикацијата е критична поради тоа што детето е сеуште во фаза на развој и самиот кортикостериод може да има негативен ефект на развојот на надбубрежните жлезди.
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307

две години се трудам да смалам триглицериди и билирубин и гама гт, ама.....иам едн доктор а бе вика нишо не ти е ако почнеме со хемија цел живот ке земаш а и да земаш џабе ти е.....а вака вика немаш штета
 
... па делимично е во право твојот доктор, барем во тој дел дека групата на лекови „статини“ во светот за регулирање на липидниот статус веќе не се применуваат и со право има пациенти да со пиење на такви лекови, не можат да си го нормализира холестеролот и дека е тоа е чиста хемија т.е. е пореметен внатрешен метаболизам и покрај пиењето редовно на лекарствата, со што има пациенти кои со измена на начин на исхрана прекинување на пушење, алкохол и малку поредовна физичка активност си го нормализирале и холестеролот, а со тоа и ензимскиот статус!
имаш изнесено лабораториско испитување, но не кажа дали има промени на внатрешни органи (посебно јетра и жолчка) гледани преку ЕХО дијагностика т.е. дали си направил таква анализа, дали имаш поголема телесна тежина од нормалната, дали пушиш и конзумираш алкохол, дали пиеш лекарства поради други хронични болести, и доколку си женско дали имаш проблеми со менструалниот циклус т.е. хормонски дисбаланс!
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2018
Мислења
325
Поени од реакции
622

Ракиичка си џапаш?[DOUBLEPOST=1552318507][/DOUBLEPOST]
групата на лекови „статини“ во светот за регулирање на липидниот статус веќе не се применуваат
Ве молам вакви неосновани изјави да не давате, незнам дали сте здравствен работник али ова не!
Ни делимично не е во право докторот ако го оставил пациентот 2год со вакви вредности на лдл и триглицериди
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
... па делимично е во право твојот доктор, барем во тој дел дека групата на лекови „статини“ во светот за регулирање на липидниот статус веќе не се применуваат и со право има пациенти да со пиење на такви лекови, не можат да си го нормализира холестеролот и дека е тоа е чиста хемија т.е. е пореметен внатрешен метаболизам и покрај пиењето редовно на лекарствата, со што има пациенти кои со измена на начин на исхрана прекинување на пушење, алкохол и малку поредовна физичка активност си го нормализирале и холестеролот, а со тоа и ензимскиот статус!
имаш изнесено лабораториско испитување, но не кажа дали има промени на внатрешни органи (посебно јетра и жолчка) гледани преку ЕХО дијагностика т.е. дали си направил таква анализа, дали имаш поголема телесна тежина од нормалната, дали пушиш и конзумираш алкохол, дали пиеш лекарства поради други хронични болести, и доколку си женско дали имаш проблеми со менструалниот циклус т.е. хормонски дисбаланс!
Мушко сум, не пушам, планинарам, ракиичка да, у нормала, една до две на трите дена, направив ехо на црниот немаше замастување, немам прекумерна тежина, лекарства никакви сега за сега за други болести не......пред година време не пиев 4 месеци резултаттите беа исти или слични. тоа ме загрижи.
изгледа ке треба физички да сум поактивен, повеке салати и овошје, на сабајле оцет од киселачки и баталуење секаков алкохол
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Ракиичка си џапаш? Ве молам вакви неосновани изјави да не давате, незнам дали сте здравствен работник али ова не!Ни делимично не е во право докторот ако го оставил пациентот 2год со вакви вредности на лдл и триглицериди
...прво не сум на испитување, второ како форум секој си има право да си го каже мислењето дали тоа е потврдено со знаење, пракса или следење во светски рамки ... немаме тука комисија, нели, ниту пак ординацијава е лиценцирана!!!!?
...можеби нешто што јас сега ќе го кажам ќе дојде тука после неколку години да се применува, нели?
како и да е кажи си го своето мислење, а јас моето, а ако те интересира зошто така размислувам ќе дадам мало образложување, ама вредностите на дотичниот член што прашува кој највероватно е млада особа не се високи да првенствено се пријде со давање статини токму од фактот од несакани ефекти на тие статини како болки на мускулите (мијалгија), смалување на либидото како најлошо нешто кај мажите и опасност од појава на дијабет како едно од необјасливите појави денес на тие што применуваат статини и тоа примена без БЕЗ КОРОНАРНО СРЦЕВО ЗАБОЛУВАЊЕ!
...пример
статинот Cerivastatin (помалку другите статини) воведен 1998 година како лек нели при зголемен холестерол, повлечен е во 2001 год од страна на производителот поради голем број на пријави за рабдомиолиза, од кои повеќе од 50 случаи биле фатални, Lovastatin и Simvastatin како први на пазарот од статините дополнително се откриени делување на леќата на око т.е. појава на катаракта така да во 2010 година, Британскиот медицински журнал објави студија дека статините може да доведат до катаракта и ризик за бубрезите (бубрежна инсуфициенција) да во 2012 година, ФДА ги објави промените во безбедносните информации на упаства за примена на статините симвастатин (Zocor), аторвастатин (Lipitor) и росувастатин (Crestor) назначувајќи дека постои зголемен ризик од зголемено ниво на шеќер во крвта и дијагностицирање на дијабетес тип 2, како и одредени когнитивни ефекти, како што се губење на меморијата и конфузија кај некои пациенти кои ги земаат овие лекови!...ова вака скратено!

... покачен холестерол, доколку има коронарно срцево заболување ДА! препорака е да се ординира статини дури и да е холестеролот и целиот липиден статус нормален, а се има коронарно срцево заболување (инфаркт), мозочен инсулт (инфаркт)!

...НО- дури е дискутабилно дали да се примени статини кај постари луѓе кои немаат прележано коронарна срцева болест(инфаркт) или мозочен удар, а не пак примена на статин кај млада особа (намалување на липидниот статус е само 30%, а добиваме низа негативни несакани ефекти од примена на статинот) нема смисла ако се споредува што „добиваме и што губиме“, затоа што ако истиот член на форумов т.е. младата особа нема дисциплина во јадење, начин на исхрана, гојазност, конзумирач на алкохол и цигари и мрза за било каква физичка активност само ќе има штета од статините од споредните ефекти и никогаш нема да си ги нормализира вредностите на липидниот статус!

п.с.
...колега исто не ме послуша, а имавме исти вредности на липидниот статус јас вкупниот холестерол дури 8 го имав...јас ги спроведов овие промени, престанав да пушам, дисциплина на исхрана...итн и после 6 месеци ми се во нормала зборувам за сите вредности во тој липиден статус,а тој се истури од статини најнови вакви такви комбинации и ете ги лабораториските резултати му се исти (не знам ни до која зголемена доза/ јачина на лекот применува сега)... важно опкладата ја добив, а тој го тера инатот не признава...ене го исти вредности со сите тие споредни ефекти...ама мушки докторски инат голем е!
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
благодарам, ме убеди да не земам хемија, споредните негативни ефекти може и повеке да ми наштетат, ке се активирам повеке физички да сум активен иако и сега не сум залегнат шо се вика, жестоко ич, еве земам ливеркер крилово уље и шумливи од аспирин за проток на крв.......главно е мислам намалената физичка активност.....инаку и сега без проблем ке испешачам 20км
 
Најпријателски совет, смени си го матичниот доктор земи си второ мислење и трето ако треба.
Не се решаваат вакви работи на форум
 
Kajgana Shop

На врв Bottom