Хроничната неспецифична лимфаденопатија често се јавува со хронични, повторувачки инфекции во одредени регии (заби, крајници, инфекции на рацете или нозете), овие реактивни лимфни јазли на вратот може да бидат со различна големина и вообичаено не се болни!
Lymphadenopathia општо преставува зголемување на лимфните јазли кои се прва линија во одбрана на нашиот организам од различни антигени и инфекции, со што се смета дека
лимфните јазли на вратот имаат улога во одбрана на разни инфекции на горниот респираторен систем или инфекција на забите и сите тие околу 2 цм (нормална големина е до 1 цм вратен лимфен јазол) потребно е следење и се сомневам дека твојата деферицијална крвна слика ништо не покажува, дали ТИ го виде резултатот или тоа како ти рекле „дека нема ништо се е во ред со крвта“? дали седиментацијата е добра? дали ти дадоа лаб.испитување на laktat dehidrogenazа (LDH) и CRP како показатели за да се види присуство на некоја инфекција?
...на пример зголемените лимфни јазли на вратот кај децата се јавуваат и со вирусните болести како што се сипаниците
...инаку отекување на лимфните јазли е физиолошки т.е. нормална појава кога телото се труди да ја спречи акутната инфекција (бактерија стрептокока, стафилокока) наместото каде јазлите отекуваат во твојот пример вратните лимфни јазли, што ни дава до знаење дека имаме воспаление во регијата за која се одговорни тие вратни јазли т.е.горен респираторен тракт- грло или забите (кариозни лезии на забите, воспаление на непцата)!
...така да се знае зошто доаѓа до зголемување на лимфните јазли, тоа е симптом на некоја друга болест и состојба на телото и доколку се делува на таа болест или состојба лимфните јазли се повлекуваат во нормала во големина до 1 цм нели, но ако зголемувањето над 1 цм кои трае повеќе од месец и пол треба да се прават понатамошни испитувања (хематолошки) па и биопсија!
...според мое мислење кај тебе, акутно зголемување на лимфна жлезда на вратот и тоа како велиш од една страна на вратот најчесто предизвикана од бактериска инфекција (стафилококи или стрептококи), додека ако би имал двострано отечени вратни лимфни јазли тогаш би рекле можна е инфекција од вирусно потрекло!... треба да ја утврдиш бактериската инфекција и со примена на антибиотик против таа бактериска инфекција и отечениот лимфен јазол ќе се повлече!