Ако толку милувате да го употребувате тој термин, тогаш логично е сите што живееме тука да сме севрџани, се лутеле или не, сеедно.
Земјата се вика Северна Македонија и тоа е тоа.
Кенкање по форуми нема да смени ништо.
Ја немам проблем со името на земјава да биде Северна Македонија, се додека придавките македонски, официјално се запазени. А вие што имате проблем размислите што може да се направи околу тоа. Дали мислите дека ако дојде друг на власт ќе смени? Дали мислите дека ако дојде Груевски пак на власт ќе смени? Не. објективно ништо нема да го смени тоа.
Што објективно можете друго на направите околу ова, на страна од зајадливи бесполезни реплики?
Може Заев да се казни на следни избори, ама верувај дека тоа нема да биде исклучиво заради името, туку првенствено заради еден куп други нешта.
Лорде, вака сега да расчистиме една работа. Придавката македонски по дома ќе си ја користиме ама за надвор ќе си ја носиме придавката Северномакедонски. Колку сакаш ти надевај се и сонувај.
Според договорот од Преспа има само една вистинска Македонија (Грчка Македонија).
Северна Македонија е територија нешто налик на резерват населена со разни народи и некојси мнозински хибрид народ.
Со грчко-бугарска историја.
Придавката ќе ни биде Северномакедонски за да нема забуна со вистинската Македонија (Грчка). Затоа и АРМ ќе биде Армија на СМ, МТВ ќе виде РТВ на СМ, МАНУ ќе биде АНУ на СМ итн. Затоа во договорот пишува државите институции да бидат "на Северна Македонија".
Севернокорејски лидер, севернокорејска армија, севернокорејска телевизија итн. познато ти е??
Природно ( а реално и граматички ) ти доаѓа да ги викаш така кога земјата се вика Северна Кореја.