Периодов треба да купувам блендер. Број 1 важно ми е добро да ги ситни јаткастите плодови, а посебно лешниците и кога ќе се конзумира смути или сл да не се осеќа како зрнца од нив туку да се како прав сомелени. Од искуства на другите до сега најверојатно Нутрибулет ќе ми одговара ама некако сум скептик кога се работи за Топ Шоп и Делимано, а посебно прееска кога на фб прочитав реклама од една онлајн продавница кадешто истиот Нутрибулет го имаа постирано, исти спецификации а цената беше 2890. Кога ги прашав зошто во Делимано е 7000, а кај нив 2890, одговорија дека нивниот бил реплика (баш со тој збор), но бил со врвен квалитет. Некои кажуваат дека во Лидл во Грција имало Нутрибулети за 40 евра. Ако купам секако дека ќе купам од Делимано, но поентата ми е нели ова треба да е некој заштитен бренд, оригинален, а не вакви копии да има со идентичен изглед и спецификации?
Или да одам во Сетек па да си купам некој од Филипс, Ронсон, Бош, Горење со многу појака моќност од Нутрибулет?