Јас ова така го протоколкував, ако не си мислел, ондак извини.
Како и да е никаде не те ни навредив, туку зборев за едно глупо сценарио кое тука го форсирате а се базира на претпоставки.
Ја стојам на све што сум кажал тука на темава, ако се копа, сигурно ќе ми се најде и постот за Павле, кого исто погрешно го имам проценето, моментално би го плукнал во фаца иако и тоа не го заслужува, нити пак сум можел да претпоставам дека типот е зависник, или дека ќе биде, зашо периодов шмрка ко луд, не за џабе е деформиран и на тв делува ко што делува.
Не ми е срам што сум правел некои погрешни проценки на темава и сум се надевал дека некои работи ќе се подобрат во земјава, така да ова нит е прв нит пак ќе биде последен пат како одредена политичка гарнитура ме разочарува, среќа во цела несреќа со мене конкретно а и мојата фамилија е што не зависам ниту од едните, ниту од другите, што не може да се каже за повеќето граѓани во земјава кој на ваков или онаков начин се под директно влијание од политиките на властите.
Ко што не треба ни вас да ви биде срам, на 90% од оние кои останаа на темава, да признаете дека индиректно и несвесно учествувавте во едно од сценаријата на власта кои и одговараа а се однесуваа на промената на името, а тоа беше бојкотот, и тоа со полна пареа учествувавте у истото.
Не ми текнува пред некој ден кој од политичариве чинам, или критичариве нивни се изјаснија на таа тема со муабетот, абе знаеш, боље ќе беше да се излезе и да се гласа против.
Ко и иницијативава од тука што се потегна, сите да гласаат за Амди наместо бојкот, всушност, ко што тоа ќе е шамар и за позицијата и за опозицијата, истото ќе се случеше и со гласање Против на референдумот со оглед на фактот дека сдсм беа да се излезе и да се гласа За, а мицко и компанија беа за бојкот ( на никој тука не му текна зашто не беше ставен акцент на уште едно можно сценарио за реферндумот ), нешто за кое Јас на темава всушност и пишував, како единствено можно решение за да не помине референдумот.
Еве од сегашна перспектива видовме колку е способен еден народ, со седење дома, нешто да промени, или, колку се валидни ставовите на Апасиев на кои повеќето тука се повикуваа и крстеа, ставови кои до душа и држеа вода, ама за некоја нереална земја во нереален свет, Утопија, а не и за ваква вујкојебина каква што сме, каде неуспешниот ( консултативен ) референдум на крај изнуди промена на име. Aли ние, општо, како народ, не сме способни тоа да го изведеме, толку сме за никаде, и по не знам кој пат паднавме на тестот.
Oва последново,
@Казаки, се однесува и на тебе и оној пост од поназад каде што си ме цитирал.